Посебен сообраќаен режим утре околу Градски, играат Вардар и Црвена Звезда

April 15, 2025
1 min read

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.

Утре од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда.

Двата клуба ќе играат за Кочани, а целиот приход од играта ќе биде насочен кон семејствата на загинатите во страшната несреќа.

На Арената ќе присуствуваат и повеќе легенди на Црвена звезда, како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…

Фудбалерите на Ѕвезда, како што најавија од клубот, претходно ќе се дружат со навивачите во фан зоната од 17 до 19 часот.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време, во текот на ноќта ќе има повремен дожд

Следно

Хуманитарна аукција на уметнички дела за настраданите од трагедијата во Кочани

Latest from Blog

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни

Милошоски: Жалосно е што СДСМ ја промовира тезата на бугарската влада

Потпретседателот на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма оцени дека Македонија е блокирана од Бугарија во процесот на евроинтеграциите. Милошоски
Go toTop