Поројните врнежи од дожд во Руанда предизвикаа поплави и свлечишта во кои загинаа 55 лица

May 3, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Поројните дождови што од вчера продолжуваат во Западната Покраина на Руанда, предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија 55 лица, известува Анадолу.

Според веста што ја објави весникот „Њу тајмс“, гувернерот Франсоа Хабитегеко рекол дека дождовите што го зафатиле регионот во последните 24 часа се над сезонските норми и додал дека се пронајдени телата на 55 лица.

Информирајќи дека по поплавите и свлечиштата во зафатените подрачја продолжуваат напорите за пребарување и спасување, Хабитегеко изјави дека многу куќи се неупотребливи.

Од друга страна, патните правци Мукамира – Нгорореро и Рубаву – Руциро се привремено затворени поради оштетувања.

Агенцијата за метеорологија на Руанда соопшти дека врнежите кои се над сезонските норми, ќе зафатат повеќе региони на Руанда овој месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: Во Москва на 10 мај состанок на министрите за надворешни работи на Туркије, Русија, Сирија и Иран

Следно

Граѓаните на Влае со петиција бараат да не се гради улицата „Есперанто” низ училишниот двор

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop