Граѓаните на Влае со петиција бараат да не се гради улицата „Есперанто” низ училишниот двор

May 3, 2023
1 min read

Граѓаните на Влае со петиција бараат да не се гради улицата „Есперанто” низ училишниот двор на ОУ „Димо Хаџи Димов“.

-НЕ за продавање на старата траса на улицата „Есперанто” и државното земјиште на приватен инвеститор за доокрупнување на парцела и изградба на кули! Децата од Влае и околните населби секојдневно одат во основното училиште Димо Хаџи Димов. Поминуваат многу улици кои претходно биле „слепи“ и со помалку броен сообраќај. Со пробивањето на ул. Ангел Динев пред главната врата на училиштето и супстрандардно тесни тротоари безбедноста на децата е загрозена од прекумерниот сообраќај, велат иницијаторите на петицијата. 

Тие сметаат дека наместо да се преземат активности за заштита на безбедноста на децата, како што велат Општина Карпош дополнително планира ул. Есперанто да ја исправи и да ја донесе веднаш до училиштето со што децата ќе ги опкружи со две многу прометни и опасни улици.

-Улицата Есперанто во минатото била проектирана со завој и подалеку од училиштето со цел да се оддалечи сообраќајот од училиштето, природно да се забави сообраќајот и да се заштитат децата. Со исправање на таа улицата брзината на возилата ќе се зголеми, ќе се зголемат издувните гасови и бучавата до училиштето, а децата ќе бидат изложени на зголемен ризик од сообраќајот. До кога граѓаните и нивните деца како најосетлива категорија ќе бидат заложници на градежната мафија?! – прашаа засегантите граѓани.

-Бараме од Град Скопје и неговите советници да го повлечат регулацискиот план донесен во 2021 кој наметнува исправување на ул. Есперанто, а од Општина Карпош и нејзините советници да ја остават улицата со сегашната траса и да не дозволуваат доокрупнување на имотот кај сегашните бараки на Кино Влае + старата траса на улицата и со тоа да се спречи овозможување градба на новите 11катници, велат тие. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поројните врнежи од дожд во Руанда предизвикаа поплави и свлечишта во кои загинаа 55 лица

Следно

(ВИДЕО) Мајка на ученичка по масакрот во Белград: Моето дете е уште во шок, под адреналин, не можеме да го смириме

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop