Поранешниот шеф на НАТО, Столтенберг: Украина би можела времено да отстапи територија заради мир

December 2, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, посочи дека привремените украински територијални отстапки за Русија би можеле да помогнат да се воспостави прекин на огнот во конфликтот во Украина, пренесува Анадолу.

Во интервјуто за германскиот медиум „Table.Briefings“ објавено денес Столтенберг нагласи дека дипломатските преговори и компромиси може да го отворат патот кон договор за прекин на огнот.

„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално е ова (украинскиот дел) да ги вклучи сите области што моментно се под руска контрола. Но гледаме дека тоа можеби нема да биде реално остварливо во блиска иднина“, посочи Столтенберг.

„Ако линијата на прекин на огнот значи Русија да продолжи да ги контролира сите окупирани територии, тоа не значи дека Украина треба засекогаш да се откаже од територијата“, додаде искусниот политичар.

Столтенберг ја истакна важноста на осигурување на Киев со безбедносни гаранции во замена за размислувањата за териториите како дел од договорот за прекин на огнот. Иако членството во НАТО останува опција, тој нагласи дека „исто така, има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски минатата недела изјави дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија под контрола на Киев биде ставена „под чадорот на НАТО“, во обид да се запре „жестоката фаза на војната“.

Меѓународните напори се интензивираа во последните недели за постигнување на прекин на огнот меѓу Украина и Русија и за започнување дипломатски преговори за решавање на конфликтот. Изборната победа на Доналд Трамп доведе до очекувања дека следната американска администрација ќе ги фаворизира дипломатските решенија наместо воената помош, иако остануваат отворени прашањата за природата на потенцијалните компромиси во идните преговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Антикорупциска: Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

Следно

Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop