Поранешниот претседател Иванов на форум во Потсдам, Германија

March 7, 2025
1 min read

Во периодот од 3 до 6 март 2025 година, поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, учествуваше на два значајни настани во Потсдам, организирани од Институтот за културна дипломатија во Берлин и Kлубот Скопје: Берлински економски форум 2025 и Берлинската иницијатива „За дипломатско решение на израелско-палестинскиот конфликт”, што се одржа во рамките на форумот, информираат од неговиот кабинет.

Иванов го отворил овој форум и во обраќањето истакнал дека денес сме сведоци на нови геополитички ривалства, на војни кои го потсетуваат светот на опасностите од минатото. Тој посочил дека не успеавме да изградиме свет без војни, туку само се смени нивната форма. Исто така, напомена дека историјата не е само судбина, туку дека таа е избор.

-Заветот на победниците сè уште може да се исполни, но само ако луѓето, лидерите и нациите ја изберат иднината на мирот, напредокот и заедништвото. Ако не учиме од минатото, ќе го повториме. Ако не ја изградиме иднината, ќе ја изгубиме. Одлуката е наша, истакнал Иванов во своето обраќање.

Тој се обратил и во рамките на специјалната сесија посветена на перспективите од балканскиот регион, заедно со поранешни претседатели од земјите од Балканот.

Кабинет на Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов

Учесници на настаните биле сегашни и поранешни државни и владини функционери, вклучително претседатели, премиери, министри, гувернери на централни банки, судии, високи претставници на меѓународни организации, бизнис заедница, академици и експерти од различни области и од различни земји.

Во рамките на форумот, Иванов остварил средби со дел од учесниците, при што беа разменети мислења за актуелните глобални и регионални предизвици, улогата на културната дипломатија во градењето мостови меѓу народите, можностите за зајакнување на економската соработка, како и иницијативите за одржлив развој и зачувување на мирот.

Институтот за културна дипломатија од Берлин и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје во 2023 година креираа платформа за дијалог „Клуб Скопје” и се организатори на настанот Форум за културна дипломатија Скопје, што се одржува под покровителство на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов. Третиот Форум за културна дипломатија Скопје оваа година ќе се одржи во мај на темата „Одржлив развој и културна дипломатија – поттикнување на глобални партнерства“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

Следно

Што значи да се биде дел од СЕПА?

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop