Поранешниот министер Весиќ меѓу 11-те уапсени за трагедијата во Нови Сад

November 21, 2024
1 min read

Први апсења во Србија по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица а две се уште се во критична состојба..11 лица се приведени, меѓу кој и поранешниот Министер за градежништво, Горан Весиќ, кој по притисокот во јавноста, поднесе оставка неколку дена по несреќата..Меѓу уапсените се и неговата помошничка, задолжена за железничкиот транспорт, Анита Димоски, Јелена Танасковиќ, која вчера поднесе оставка од местото в.д, директор на железничката инфраструктуира на Србија како и нејзиниот претходник..Од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад велат дека сите се сомничат за тешки дела против општата безбедност и неправилно и небезбедно извршување на градежни работи..Досега сослушани се 66 лица а на распит чекаат уште петмина..

Вишо Јавно Обнвинителство во Нови Сад

„По прибирање и детална анализа на целата потребна документација, разговори со поголем број граѓани, како и по извршеното вештачење за утврдување на причината и околностите под кои паднала настрешницата, кое е доставено до обвинителството на 20.11.2024 година. година, и запознавање со наодите и мислењето на стручни лица од градежната струка, по налог на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, вкупно единаесет лица се уапсени и приведени. “

Поранешниот српски министер негира дека е уапсен и тврди дека сам се јавил во полиција, веднаш откако бил информиран дека обвинителството го сомничи за несреќата…

Горан Весиќ – поранешен Министер за градежништво на Србија

„Не бев уапсен, доброволно се јавив на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои доведоа до несреќата во Нови Сад. Ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани.

Двајцата повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се во малку подобра состојба, но борбата за нивниот живот продолжува, велат од клиничкиот центар во Војводина… 

Драган Николиќ – директор на ургентниот центар при Клиничќката болница во Војводина

„Двајца пациенти се уште се во тешка состојба, но можам да кажам во стабилна тешка состојба. Она што е важно е пациентите да се следат 24 часа на ден од мултидисциплинарен тим, да се вршат хируршки процедури. Но мора да бидеме внимателни со прогнозата бидејќи може да се развијат секундарни компликации. Без разлика на тежината на повредите, постои оптимизам. “

И покрај апсењата, српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во нови сад..Пратениците И советниците утринава повторно не дозволуваа влез во објектот….Полициски кордон, во полна опрема за разбивање демонстрации е поставен пред судот а полицијата има и внатре во зградата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла на Стража

Следно

Марковска Илиевска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение за загадениот воздух, главно е изградба на когенеративна централа во Скопје за проширување на топловодната мрежа

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop