Поранешниот француски претседател Саркози лишен од орденот Легија на честа по пресудата за корупција

June 15, 2025
1 min read

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е лишен од орденот Легија на честа, највисокото француско одликување, по пресудата за корупција со која е осуден на една година затвор, се наведува во денеска објавениот указ.

Десничарскиот поранешен претседател (2007-2012) стана вториот француски шеф на држава лишен од ова одликување по маршал Филип Петен, кој беше лишен од орденот во август 1945 година поради осуда за државна предавство и соработка со непријателот.

Одлуката беше очекувана, бидејќи пресудата на Саркози, без преседан за поранешен француски претседател, стапи во сила откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба во декември.

Саркози беше прогласен за виновен за склучување „корупциски договор“ во 2014 година со неговиот долгогодишен адвокат Тиери Херцог и висок судија од Апелацискиот суд, највисоката судска инстанца во Франција, за да добие информации и да се обиде да влијае врз жалбен постапка во друго дело. Ова било направено во замена за ветување за висока позиција во Монако. Осуден на три години затвор, од кои една година домашен притвор под електронски надзор, Саркози носеше електронска алка три месеци, која беше  отстранета во средината на мај по негово барање, поради неговата возраст (70 години).

Саркози, кој постојано тврдеше дека е невин, поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ). Со отфрлањето на неговата последна жалба во Франција, тој автоматски подлежи на исклучување од орденот Легија на честа, што се случува кога носителот е правосилно осуден за кривично дело или добие казна затвор од една или повеќе години.

Саркози одговара и за други случаи, вклучително и за сомнежи за либиско финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година. Пресудата за овој случај се очекува кон крајот на септември.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Следно

ФОТО РЕПОРТАЖА: Ѓоновица – Бисер на спелеолошкото наследство

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop