Поранешниот бразилски претседател Болсонаро ја почна затворската казна

November 26, 2025
1 min read

Синоќа, Врховниот суд на Бразил формално го заврши случајот на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро, и му наложи да започне со издржување на затворска казна од 27 години и три месеци во полициска станица во Бразилија.


Тој ќе ја одлежи казната во ќелија од 12 квадратни метри. Покрај Болсонаро затворска казна ќе одлежат и негови шест соучесници во планирањето на државниот удар по поразот на претседателските избори во 2022 година.

„Психолошки е уништен“, рече синот на претседателот Карлос Болсонаро, кој го посети својот татко.


Судската постапка беше завршена од страна на Врховниот суд, со штозатворската казна стана конечна. Судот ја отфрли жалбата на екс претседателот.

Болсонаро беше осуден во септември за заговор за државен удар откако ги загуби претседателските избори во 2022 година од актуелниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кардиохирург стави точка: Вака консумирањето јајца влијае на вашиот животен век

Следно

Неочекувано сценарио: Целосна драма со Нејмар

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop