Порака на Ердоган за 28-годишнината од геноцидот во Сребреница: Нема да дозволиме да се заборави ниту да се повтори

July 11, 2023
1 min read

АНКАРА/СРЕБРЕНИЦА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата е економски, дипломатски и во секој поглед многу посилна и поспособна отколку што била пред 28 години и рече дека Туркије нема да дозволи да се повторат страдањата како геноцидот во Сребреница, пренесува Анадолу.

Ердоган преку видеопорака им се обрати на учесниците на комеморацијата по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница и им оддаде почит на жртвите.

Заблагодарувајќи им се на сите Бошњаци за нивните молитви и поддршка за време на важниот изборен процес во Туркије, Ердоган рече дека ќе се бори да биде достоен за довербата на неговите браќа и сестри од Босна и Херцеговина.

Потсетувајќи дека поминале 28 години од страшниот геноцид во Сребреница, Ердоган рече дека овој геноцид е црна дамка во историјата на човештвото.

„На овој ден на жалост уште еднаш изразувам искрено сочувство до ужалените семејства на нашите маченици и до сите наши браќа Бошњаци. Ги имаме предвид мудроста и горчливата вистина на изреката на покојниот Алија: ‘Што и да правиш, не заборавај на геноцидот бидејќи заборавениот геноцид ќе се повтори.’ За да не доживееме повеќе слични злосторства, никогаш нема да ја заборавиме Сребреница и никогаш нема да дозволиме да биде заборавена. Раната што ни ја нанесе геноцидот во Сребреница пред очите на целиот свет крвави веќе 28 години. Со секој наш маченик што го погребавме ги преживуваме тие денови повторно и повторно се сеќаваме на нив, повторно лееме солзи. Денес испраќаме 30 наши маченици во нивните вечни почивалишта. Нека почиваат во мир душите на нашите маченици. Нека Господ ги почести сите наши маченици со небесни убавини“, рече Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган рече дека и покрај одлуките на Меѓународниот суд сè уште има такви што го негираат геноцидот во Босна и Херцеговина, оние што велат дека не жалат за извршените злосторства и оние што ги поддржуваат таквите луѓе.

Ердоган нагласи дека ги проколнува таквите несовесни луѓе и нивните бескрупулозни изјави.

Тој истакна дека треба да се остави зад себе говорот на омраза и да се промовира култура на мир, толеранција и помирување за никогаш повеќе да не се повторат страдањата во Босна и Херцеговина.

Ердоган понатаму порача дека Туркије ќе продолжи да работи на зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.

„Не треба да заборавиме дека стабилноста на Босна и Херцеговина е клуч за стабилноста на Балканот и Европа. Туркије ќе продолжи да го прави својот дел за да ја трансформира Босна и Херцеговина во базен на стабилност, мир и просперитет. Денес, споредено со пред 28 години, имаме економски, дипломатски и секако многу посилна и попрестижна Туркије. Како држава, никогаш нема да дозволиме да се повтори страдањето што го доживеавме тука. Секогаш ќе ги штитиме независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Очекувам да бидете мирни. Господ да ги помилува нашите маченици од Сребреница. Ја наведнувам главата во знак на почит“, додаде Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џо е нешто нервозен

Следно

Барселона преговара со Тер Штеген за намалување на платата

Latest from Blog

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални
Go toTop