Поради запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово не сообраќа единствениот воз на релација Битола-Прилеп- Велес-Скопје

November 7, 2023
1 min read

реклама


Запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово повторно го прекинаа сообраќањето на единствениот воз на релацијата Битола-Прилеп- Велес-Скопје. 

Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и  Велес за  Скопје, а кој по возен ред во Велес поаѓа во 5:46 часот.

реклама

Како што информираа за МИА од Железничката станица во Велес, причина било запалено стрниште покрај пругата кое се проширило и запалило и  прагови на пругата, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Се работи на повторно оспособување на пругата. 

Според информацијата од Центраот за управување со кризи вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.Со брза и ефикасна интервениција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот синоќа бил изгаснат.

реклама

Ова е трето онеспособување на пругата на релација кај селото Браилово поради изгорени прагови, а поради третпат за месец и половина во прекин е возот на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.Првиот прекин односно илјади изгорени прагови на пругата кај Браилово прилепско имаше на 25 септември,а поради што 8 дена возот беше во прекин. Вториот пожар на стрниште по што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово Прилепско беше на 12 октомври и неколку дена возот повторно беше во прекин.

Воедно, од 25 октомври со одлука на МЖ Транспорт наместо три  сообраќа само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно. По денешното повторно горење на прагови на пругата во  прилепско сега во прекин е единствениот патнички воз на оваа релација.

реклама

Поради негово несообраќање денеска патниците од Велес, во голем број работници, ученици и студенти кои патуваат за Скопје,  наместо со битолскиот во 5.46 часот мораа да чекаат 40- тина минути и за Скопје заминаа со возот од Гевгелија кој во Велес поаѓа и дојде навреме  во 6.27 минути. Многумина од нив, а кои имаат и месечни карти за воз,  денеска задоцнија на работа и училиште.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќето од болниците и здравствените центри во Газа не се во функција по израелската војна што трае еден месец

Следно

Незаборавно музичко патување со Мухамед Ибрахим: Скромен, но маестрален на сцена

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop