Поради урнати згради во земјотресот: Турските власти приведоа 184 луѓе, меѓу нив и градоначалник

February 25, 2023
1 min read

Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг.

Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Владата на Ердоган, која е на власт повеќе од 20 години, беше критикувана за игнорирање на лошите градежни стандарди, што можеби придонесе за високиот број на загинати од над 44.000 само во Турција.

Во 11 турски провинции смртоносните земјотреси на 6 февруари, проследени со речиси 10.000 последователни потреси, оштетија повеќе од 173.000 згради и оставија речиси 2 милиони луѓе без покрив над главата, според владините податоци.

Оттогаш поширокиот регион е погоден од големи земјотреси. Според агенцијата за катастрофи АФАД, потресите се очекува да продолжат во следните две години во Турција.

Денеска земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди централната анадолска турска провинција Нигде, соопшти Центарот за следење на земјотресот Кандили. АФАД соопшти дека нема пријавена штета.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа Бор, на околу 350 километри западно од разурнатиот од земјотресот турско-сирискиот пограничен регион.

На најголемиот турски град Истанбул му е потребна итна програма за урбанизација за обнова или зајакнување на зградите, во вредност од околу 40 милијарди долари, соопштија властите.

Потенцијален земјотрес од над 7,5 степени ќе оштети речиси 500.000 згради, населени со 6,2 милиони луѓе, околу 40 отсто од населението на градот, според извештај од 2021 година, јави ДПА. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција апси новинари за известувања за земјотресот

Следно

Ањели: Доминацијата на англиските екипи го загрозува европскиот фудбал

Latest from Blog

Проданоски: Средба со британскиот амбасадор за нови инвестиции и стратешки проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари значајна протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. На состанокот присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Прилеп, како

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска категорично демантираше дека постои каков било договор за прифаќање мигранти. -Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова
Go toTop