Поради штрајковите во Германија откажани стотици летови

February 1, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Стотици летови се откажани денес на главните аеродроми во Германија бидејќи персоналот за безбедност започна еднодневен штрајк поради спорот околу платите, јавува Анадолу.

Поради штрајкот откажани се повеќе од 1.100 летови на 11 аеродроми, меѓу кои и на најфреквентниот меѓународен аеродром во земјата, Франкфурт, од што се погодени над 200.000 патници.

Аеродромот во Франкфурт соопшти дека штрајкот ќе предизвика големи прекини и откажувања на летовите во текот на денот, и ги советуваше патниците да не доаѓаат на аеродромот бидејќи безбедносните контролни пунктови се затворени.

„Ве молиме контактирајте со вашата авиокомпанија или патнички оператор за информации во врска со вашиот лет. Патниците кои се за трансфер, исто така, треба да очекуваат големи прекини и доцнења поради штрајкот“, се наведува во соопштението на аеродромскиот оператор.

Големи прекини и откажувања на летови се очекуваат и на аеродромите во Хамбург, Бремен, Хановер, Берлин, Келн/Бон, Дизелдорф, Лајпциг/Хале, Дрезден, Ерфурт и Штутгарт.

Властите соопштија дека персоналот за безбедност на аеродромите во Минхен и Нирнберг нема да се приклучи на штрајкот, но и покрај тоа доцнењата и откажувањата на летовите сè уште се можни поради прекините на летовите низ целата земја.

Синдикатот Ver.di го најави предупредувачкиот штрајк претходно оваа недела, откако третиот круг преговори за колективниот договор со Федералната асоцијација на компании за воздухопловна безбедност не даде резултат.

Синдикатот, кој претставува околу 25.000 вработени во обезбедувањето, бара зголемување на платите од 2,80 евра на час, зголемени бонуси и повисоки стапки за прекувремените часови работа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Косово од денеска целосно го укинува динарот

Следно

ЕУ на вонреден самит за обезбедување пари за Украина

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop