Поради „нероден Петко“ Министерството за култура ѝ направи „бесилка“ на Филхармонија

May 6, 2023
2 mins read

Министерството за култура повторно излегува со соопштенија со кои продолжува да шири лаги и дезинформации во јавноста.

Министерството за култура не работи на решение од минатата недела, туку се заложи дека ќе го реши проблемот уште на првата средба со министерката Бисера Стојчевска Костадиновска, пред месец и половина, откако беше донесена одлуката за новоформираната институција.

Во првичната одлука за формирање на новата институција, испратена до медиумите, Министерството за култура информираше дека новата институција времено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија, но дека воедно ќе ја користи и сцената на Националната опера и балет.

Го прашуваме Министерството за култура, зошто во елаборатот, покрај објектот на Филхармонија не е наведена и Националната Опера и Балет како одличен простор за работа?

Токму тој аспект од елаборатот во кој како единствена опција за работа на Џез оркестарот е ставен објектот на Филхармонија сам по себе кажува каква била намерата на Министерството за култура.

Ги потсетуваме, уште еднаш, иако кажавме безброј пати пати досега –  бараме да се смени делот во образложението од одлуката во кој објектот на Филхармонија е наведен како „времено“ просторно сместување на Џез оркестарот и да и се најде друго просторно сместување на новата институција.

Привремено сместување на втора институција под кровот на објектот на Филхармонија, како што веќе укажавме и ние, но и голем дел од стручната и пошироката јавност ќе направи повеќе штета, отколку корист.

Очигледно на Министерството за култура не му значат ништо мислењата на еден Симон Трпчески, или пак на диригенти како Јерухам Шаровски (кој соработувал со славниот Лорин Мазел)… Ниту на многу други истакнати личности од стручната фела од Македонија и од странство кои им дадоа безрезервна подршка на филхармоничарите во нивната битка да си го зачуваат својот работен простор и втор дом.

Истите тие експерти од различни сегменти во областа на музиката, Министерството за култура требаше да ги исконтактира кога го правеше елаборатот и донесе одлука за формирање на нова институција без никаква јавна расправа и дебата, туку зад затворени врати.

Ова не е првпат Министерството за култура да ги обвинува вработените во најстарата културна институција во земјата дека лажат и од таму продолжуваат на ист начин како и досега да го рушат интегритетот и реномето на институцијата која треба да ја заштитат. Наместо да решаваат проблеми и да креираат здрава културна политика, тие на сметка на новородената институција, ја уништуваат традицијата макотрпно градена од генерации македонски музичари и творци.

Поради “нероден Петко” како што ја нарекоа новата институција во последното соопштение до јавноста, Министерството за култура сака да и направи “бесилка” на Македонската филхармонија која следната година слави 80 години од формирањето и е една од најстарите институции во земјата.

Со чување и унапредување на македонскиот јазик го чуваме нашиот дом и идентитет, а со грижа и заштитнички однос кон најзначајните институции од културата покажуваме висока свест и почит кон традицијата создавана со децении. Министерството за култура, за жал, со својот несериозен однос кон нашата институција го потврди токму спротивното.

И на крај, оркестарот на Филхармонија многу често изведува дела од македонски композитори, тоа го знае јавноста, и нашата верна публика. Тој податок ќе и беше познат и на министерката за култура, доколку присуствуваше барем на некој од нашите концерти.

СО Македонска филхармонија при СКРМ

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меси се извини поради патувањето во Саудиска Арабија: Ми беше организирано од порано и не можев да го откажам

Следно

Пентагон создаде канцеларија за менаџирање на перцепцијата

Latest from Blog

Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот!

Директорот Никола Додов изјави дека на 40 хонорарци од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им бил раскинат договорот поради неисполнување на работните обврски. Според него, тие не доаѓале на работа

Аљбуљена Хаџиу повторно не доби доволно гласови за претседателка на косовското Собрание

Кандидатката на Движењето Самоопределување Аљбуљена Хаџиу, и по третпат не успеа да обезбеди доволно гласови за функцијата претседател на Собранието на Косово. На денешното гласање, 57 пратеници гласаа „за“, 46 „против“, а

Исени во 24 анализа: Треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата

Политикологот Џенур Исени во 24 анализа рече дека треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата. Според него, премиерот Мицкоски има

Флик во Барселона до 2027

Според пишувањата на локалните медиуми, германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски гигант Барселона на уште една година. Како што денеска објави шпанскиот весник Марка, се очекува поранешниот
Go toTop