Популарната актерка од хит серијата „Изгубени“ и кажа збогум на глумата

June 5, 2024
1 min read

Глумицата Еванџелин Лили, позната по ТВ-серијата „Изгубени“ и суперхеројските филмови „Одмаздници“ (Avengers) и „Aнтмен“, на Инстаграм откри дека се повлекува од Холивуд заради „нова сезона“ од нејзиниот живот.

Лили го претстави својот напис со видео од 2006 година, каде што тогаш на свои 26 години говори за нејзините очекувања за иднината.

– Преплашена сум да му го признаам ова на остатокот од актерскиот свет, но идеално – 10 години од сега, би сакала да бидам пензионирана глумица и сакам да имам семејство… Натаму, би сакала да пишувам и, можеби некогаш, да влијаам врз животите на луѓето на похуманитарен начин, вели глумицата.

Лили во својата пишана изјава им се заблагодарува на филмаџиите од „Изгубени“ кои го нашле ова старо видео, по повод нејзиното пензионирање.

„Напуштањето на она што изгледа како очигледен избор (богатство и слава) понекогаш може да биде страшно, но влегувањето во вашата ‘дарма’ го заменува стравот со исполнетост“, додаде Лили алудирајќи на „Дарма“ како еден од клучните зборови во научнофантастичната мистерија „Изгубени“ од предминатото десетлетие.

Во меѓувреме, Еванџелин Лили, која инаку е и мајка на две деца, ја одбила главната улога во „Жената-чудо“ оти „немала желба“ за тоа.

„Можеби еден ден ќе се вратам во Холивуд, но засега, ова е местото каде што припаѓам. Стигна ‘нова сезона’, и јас сум подготвена… И среќна“, вели пензионираната канадска глумица.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фуенте останува шпански селектор до 2026

Следно

Стрелецот да не флертува ако е во врска, Овенот да размисли за зголемување на приходите

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop