Поповска за „Студио 10“: Неуставно е подигањето на прагот за собирање потписи за независните листи

March 20, 2024
1 min read
Без многу врева, се протна измената на Изборниот законик во членовите 61 и 62, па се подигна прагот за поднесување независни граѓански листи на избори, вели за „Студио 10„ Лилјана Поповска.
 
„Новиот услов за независна листа за советници, градоначалници и пратеници стана 1% од избирачите. Ова е елиминација на независните листи од изборната трка и оставање чист простор за „берба“ на големите партии. Кои впрочем и го изгласаа ова и ги избришаа независните со пенкало. Ова е спротивно на Уставот и го има во далечниот Бразил. Посебно загрижува што најголем број од независните листи се активисти што се борат за здрава животна средина.“ – вели Поповска.
 
Таа дополни и дека Уставот со членот 9 ја гарантира еднаквоста на секој граѓанин, а со членот 23 му дава еднакво право да учествува во вршењето на јавни функции.
 
„Ова шокантно подигање на прагот и правење огромна разлика во бројот на потписи кои стојат зад една изборна листа е дискриминирачко и противуставно, создавајќи нееднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.“ – вели Поповска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН објавија „црвен аларм“ поради климатските промени

Следно

Анкета на ИПИС: Силјановска – Давкова со 10,2 отсто предност пред Пендаровски

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop