ОН објавија „црвен аларм“ поради климатските промени

March 20, 2024
1 min read

Сите глобални климатски рекорди беа срушени минатата година, предупреди во вторникот Светската метеоролошка организација (WМО), изразувајќи особена загриженост поради затоплувањето на океаните и топењето на морскиот мраз.

Во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима, WMO истакна дека просечните температури го достигнале највисокото ниво во последните 174 години мерење – 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Температурите на океаните се највисоки во последните 65 години, а повеќе од 90 отсто од морето доживува топлотен бран.

„WМО прогласува црвен аларм за светот“, изјави генералниот секретар, Селесте Сауло, која ја презеде функцијата во јануари.

Она што го доживеавме во 2023 година, особено невиденото затоплување на океаните, повлекувањето на глечерите и губењето на морскиот мраз на Антарктикот, е причина за особена загриженост.

Климатските промени, предизвикани од согорувањето на фосилните горива, заедно со климатскиот феномен Ел Нињо, соборија рекорди во 2023 година.

Научниците предупредуваат дека 2024 година може да биде полоша бидејќи Ел Нињо ги зголемува температурите.

Во извештајот се предупредува на големо намалување на морскиот мраз на Антарктикот. Највисокото измерено ниво беше за милион квадратни километри помалку од претходниот рекорд, приближно колку Египет.

Тој тренд, во комбинација со затоплувањето на океаните што предизвикува ширење на водата, придонесе за повеќе од двојно зголемување на нивото на морето во изминатата деценија во споредба со периодот од 1993 до 2002 година, според WМО.

Топлината беше концентрирана во Северниот Атлантик, каде што температурите беа просечни 3 степени Целзиусови над просекот до крајот на 2023 година, се вели во извештајот.

Повисоките температури на океаните влијаат на чувствителните морски екосистеми и многу видови риби избегаа северно од областа во постудени води.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 31.923 Палестинци

Следно

Поповска за „Студио 10“: Неуставно е подигањето на прагот за собирање потписи за независните листи

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop