Поповиќ: Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен

June 23, 2026
1 min read

Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии. Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите, истакна Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Според неа, со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети.

„Законските одредби јасно кажуваат дека буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 проценти од БДП. Министерката Гордана Кочоска призна дека во буџетот нема пари.
Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината.

Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува“.

Тоа, додава Поповиќ, е директна потврда на она што СДСМ го говори цело време.

„А продлабочувањето на дефицитот значи само едно – нови скапи задолжувања што ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги.

Граѓаните најдобро знаат какво е вистинската состојба на економијата.

Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери.

Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината“.

Таа оценува дека јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра.

Парите, според Поповиќ, не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие, вели таа, завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО.

„По две години вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс, граѓаните во длабока сиромаштија а државата во изолација“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Следно

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop