Поплавите предизвикани од циклонот Јаку одзедоа 65 животи во Перу, петмина се исчезнати

March 21, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Најмалку 65 лица ги загубија животите, а петмина се водат за исчезнати по поплавите предизвикани од тропскиот циклон Јаку во јужноамериканската држава Перу, известува Анадолу.

Локалните медиуми објавија дека циклонот, кој зафати голем број градови во земјата, предизвикал поплави и големи разурнувања.

Според досегашните извештаи, во поплавите што ги предизвика циклонот Јаку, животот го загубија 65 лица, а петмина се водат за исчезнати.

Во последниот извештај на Цивилната заштита се наведува дека од оваа природна катастрофа се погодени 66.853 лица. Притоа оштетени се 9.677 објекти, а уништени се 1.541 куќа.

Поплавите оштетија 56 училишта, 116 здравствени установи и 239 моста.

Циклонот Јаку уништи и 11.000 хектари обработливо земјиште.

Перуанската Влада објави дека е воведена вонредна состојба во период од 6 месеци во 154 окрузи во земјата.

Националната метеоролошка и хидролошка служба објави дека има голем пораст на нивото на водите на 11 реки во регионите Аркипа, Хуанкавелица, Лима, Лорето и Сан Мартин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мбапе нов капитен на Франција

Следно

Американската полиција во состојба на готовност поради можното апсење на Трамп

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop