Помошникот на Зеленски што владее со Украина

June 11, 2024
1 min read

По воведувањето на воената состојба во 2022, Јермак добива поголема власт од сите во Украина, освен од самиот Зеленски, а како што пишува Телеграф дел од интервјуираните него го нарекуваат „де факто лидер на државата“ и „потпретседателот на Украина.“

Пофалбата за Јермак е дека има ефикасен стил на директен менаџмент кој до сега има успеси како собирањето на десетици украински сојузници на мировен самит во Швајцарија кој треба наскоро да се одржи.

Меѓутоа во исто време, тој се смета за главниот човек кој ги спречува контактите меѓу Зеленски и Залужниј, пред првиот човек на украинската одбрана да биде сменет од неговата позиција.

Јермак го обвинуваат и за смената на заменик премиерот, Олександр Кубраков, кој претходно објави дека пратеници од партијата на Зеленски се обиделе да го отпуштат.

„И генералот и заменикот премиер, задолжен за украинската инфраструктура, беа масовно почитувани за нивниот интегритет, компетентност и независност,“ пишува Телеграф.

Поранешниот економски советник на Зеленски, Олех Устенко, кој е отпуштен во март годинава без објаснување тврди дека кругот на советници со пристап до Зеленски станува екстремно ограничен, „има неколку дузини што го советуваат Јермак, како и оние кој ги вршат валканите работи и сите се под него, како и неколку негови заменици.“

Двајца од овие заменици на Јермак се Олех Татаров и Кирило Тимошенко, чиј избор ги разгневи украинските анти-корупциски власти кои посочуваат на нивна вклученост во корупциски скандали.

Татаров е именуван за одговорен за реформи во спроведувањето на законите во земјата наспроти сите апели и барања на меѓународните партнери на земјата. Тој е под истрага за примање мито, „и наместо да го отпуштат, од кабинетот на претседателот побараа нови обвинители да го преземат неговиот случај и тие го затворија.“

Тимошенко пак беше наместен на позиција во министерството за одбрана каде што е одговорен за надзор на 647 милиони долари за изградба на фортификации на фронтот, истите оние фортификации за кои украинските војници се прашуваа каде се, кога руската армија минатиот месец упадна на север од Харков.

Минатата година истрага на Националната агенција за спречување на корупција открива дека Тимошенко вози Порше Тајкан, бесплатно престојува во луксузни ресорти, и ја злоупотребува својата моќ за да им дозволи на свои потчинети да патуваат во странство и покрај законите за мобилизација. Тој исто така приложил и фалсификувани документи насочени кон прикривање на негови прекршоци.

Телеграф ја пренесува изјавата на критичари на Зеленски според кои тој е многу различен претседател во зависност од тоа кој му е шеф на кабинет:

„Неговата голема грешка е што толку многу моќ му довери на Јермак, кој очигледно е опиен од моќта.“

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од четврток услови за врнежи и пад на температурите, викендот стабилно и сончево

Следно

Саутгејт: Си заминувам ако не го освојам ЕП

Latest from Blog

Мицкоски: ЕУ останува наша цел – „Мораме да ја смениме стратегијата за да станеме привлечни за неа“

Eвропската унија беше и останува наша цел како и на генерациите што доаѓаат, но единствено Македонија е земја за која не важат критериумите за членство во Унијата како и за другите земји

Цената на кафето отиде во небо: Се очекува ново поскапување

Цената на суровото кафе на светските пазари доживеа драматичен раст во последните неколку месеци, дуплирајќи се за рекордно кратко време, а експертите предупредуваат на нови поскапувања. Овој ненадеен скок е резултат на

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

Милитантната група Курдската работничка партија (ПКК), која повеќе од четири децении водеше крвава војна со турските власти, објави дека се распушта и дека ќе го предаде оружјето. „Ја остваривме својата историска мисија.

Кубилиус: Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус денеска изјави дека Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура. Тој, на Форумот во Брисел посветен на одбранбената индустрија, истакна дека Украина набрзо ќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување
Go toTop