Помирување, а не простување за Груевски – Битиќи: Помирувањето може да значи донекаде ублажување на казната

October 9, 2023
1 min read

реклама

Уставните измени нема да се гласаат додека не се обезбедат бројките, изјави во емисијата Клик плус на ТВ21 потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Но, според него, тоа ќе се случи наскоро бидејќи скрининг процесот  е при крај. Сепак, Битиќи не посочува на кој начин ќе се убедат пратениците од опозицијата да ги поддржат уставните измени.

Може ли тоа да биде еден од начините власта да се пазари со гласови во замена за враќање на Никола Груевски? Битиќи рече дека е подготвен за доброто на државата да се согласи со условите што му се поставени.

реклама

Фатмир Битиќи: Јас сум првиот што седнува и зборува за помирување, ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде.

-Вклучувајќи го и враќањето на Груевски, вклучено или не?

реклама

Ф.Б.: Да, да, но помирувањето не значи амнестија. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната. Но…

-Нема простување на дела…

реклама

Ф.Б.: Апсолутно.

Прв албански премиер останува дел од договорот меѓу партнерите од коалицијата СДСМ-ДУИ, но Битиќи навестува дека договорот не е кандидатот да биде само од редовите на партијата на Ахмети. Тој не ја исклучува можноста и вели дека би ја прифатил задачата доколку биде предложен за тоа.

„Тоа може да се поништи само со нов договор меѓу двајцата лидери на двете партии кои го направија овој договор. Подадената рака за договор останува подадена рака и останува дека во последните 100 дена ќе има премиер Албанец“, вели Фатмир Битиќи.

Во Клик плус стана збор и за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ парламентарните и претседателските избори да се одржат во ист ден. Тој рече дека неговата партија не ја поддржува оваа идеја, бидејќи како што додаде, мора да се научиме мандатите да траат до крај.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Израел најави целосна опсада на Газа

Следно

Изложбата „105 години Требенешта“ е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и за Европа

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop