Полскиот премиер: Ќе испратиме тенкови „леопард 2“ во Украина, германската дозвола е ирелевантна

January 23, 2023
1 min read

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите „леопард 2“ да бидат испратени до линијата на фронтот, а тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор

Германското одобрение за тенковите „леопард 2“ не е примарно, па дури и без тоа одобрение, Полска би можела да ѝ ги достави на Украина како дел од коалицијата на земји, изјави полскиот премиер Матеус Моравјецки.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите „леопард 2“ да бидат испратени до линијата на фронтот, а тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор. Полска е првиот поборник за испорака на леопарди и ги повикува земјите што ги имаат овие германски тенкови да ги испратат во Украина, дури и без одобрение од Берлин.

„Ќе ја побараме таа дозвола, но тоа е помалку важно. Дури и ако не добиеме дозвола… ние сепак ќе ги испорачаме нашите тенкови во Украина заедно со другите земји. Сега треба да формираме мала коалиција на земји“,

изјави премиерот Моравјецки за новинарите.

Германија нема да застане на патот на Полска да ги испрати своите тенкови „леопард 2“ во Украина, изјави во неделата германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за француската телевизија ЛЦИ. Токму на таа нејзина изјава реферирарше Моравјецки.

„Притисокот има смисла затоа што во текот на викендот германскиот министер за надворешни работи даде нешто поинаква порака што дава одредена надеж дека Германија не само што нема да го блокира (испраќањето на тенкови), туку на крајот ќе испорача тешка опрема, модерна опрема за да ѝ помогне на Украина“,

изјави Моравјецки.

Германската влада е под зголемен притисок да испрати тешки тенкови во Украина кои би можеле да влијаат на рамнотежата на силите на фронтот.

На состанокот во петокот во американската воена база во Рамштајн, Германија, западните сојузници на Украина ја одложија одлуката за ова прашање, што го налути Киев, кој ја критикуваше нивната „неодлучност“. Од почетокот на војната, германската влада постојано изразуваше претпазливост за испраќање сè понапредни системи за оружје во Киев, но на крајот тие ги испорачаа.

Владини извори во Германија минатата недела изјавија дека ќе дадат зелено светло за тенковите Леопард доколку САД се согласат да испратат тенкови Абрамс во Украина.

Но, САД јасно ставија до знаење дека нема да ги испратат „абрамс“ во блиска иднина и тврдат дека тоа би било логистички кошмар за украинските сили поради горивото и одржувањето потребни за тие тенкови.

Германскиот тенк „леопард“ се смета за идеален бидејќи е во сопственост на многу земји, како Полска и Финска, што значи дека тие би можеле да го поделат товарот за опремување на Украина. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека Германија е еден од сојузниците кои даваат најголема поддршка на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Следно

Трагедија во Црна Гора: Жена усмртена од машина за чистење на снег

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop