Полска вечер на Охридско лето со Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано

July 22, 2025
2 mins read

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците од Полска – Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано.

Лукаш Длугош е најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја. Списанието „Пицикато“ во оценката за неговиот албум „Приказни на флејтата“, издаден за Верго/Дојче Грамофон, го квалификува Длугош како „еден од најдобрите флејтисти во светот“.

Длугош студира соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен,  а магистерските студии ги продолжува на Конзерваториумот во Париз, како и на Универзитетот „Јеил“ во САД.

Победник е на повеќе меѓународни натпревари за флејта, а како солист и камерен музичар настапува во Полска и на интернационалната музичка сцена. Настапувал во Карнеги Хол, во Златната сала на Музикферајн, во Концертхаус во Берлин, во салата „Карл Орф“ и „Херкулес“ во Минхен, во театрите во Пекинг, Гуангжу, Шангај, во операта во Катар, во салата „Шин Кобе“ во Кобе, како и во салата „П. И. Чајковски“ во Москва.

Настапувал под диригентските палки на Зубин Мехта, Џејмс Левајн, Марис Јансонс, Валери Гергиев, Хесус Лопес Кобос, Јацек Капчук, Габриел Шмура, Агњешка Дучмал, а често изведувајќи го Концертот за флејта и оркестар од Кшиштоф Пенерецки настапува под диригентство на самиот композитор.

Во 2010 година го издава својот прв албум со Концертот за флејта од Мајкл Колина, придружуван од Лондонскиот симфониски оркестар. Од тогаш има издадено повеќе од 84 снимки, најголем дел од нив со музика од полски автори кои се високо оценети од критиката и кои се повеќекратно наградувани.  Досега повеќе од 300 композиции се напишани специјално за него и за неговата сопруга (исто така флејтистка) Агата Кјелар-Длугош.

Во 2016 година му е доделена статуетката „Орфеј“ за особени достигнувања во областа на интерпретацијата на флејта и промоција на полската музика. Во 2021 година Здружението на композитори на Полска му ја доделува почесната награда за особен придонес во етаблирањето на полската музика. Во 2022 година се закитува со една од најзначајните полски државни награди Орденот на возобновена Полска.

Лукаш Длугош е добитник на орденот „Горија Артис“  за особени достигнувања во областа на културата, а во 2019 година ја добива титулата – професор по уметност од страна на Претседателот на Република Полска.

Лукаш Длугош е професор на академијата „С. Моњушко“ во Гдањск.

Пијанистот Анжеј Јунгиевич важи за исклучителен камерен музичар. Студирал пијано во класата на проф. Јозеф Стомпел и камерна музика во класите на Марија Швајгер-Кулаковска и проф. Урсула Станчук на Музичката академија во Катовице.

Добитник е на стипендии од полското министерство за култура во 1986/87 година, лауреат е на Натпреварот за уметничка стипендија од здружението „Фредерик Шопен“ во Варшава во 1985 и 1986 година, победник е на Натпреварот за современа камерна музика во Лоѓ во 1986 година и на Младинскиот фестивал во Аугустов во 1985 година.
Како солист и камерен музичар настапува во: Полска, Франција, Германија, Хонг Конг, Малезија, Словачка, Шведска и Украина.

Учествува на бројни фестивали и премиерно изведува дела од современите полски композитори кои се снимани за радио и ТВ.  Неговите изведби се поместени на бројни носачи на звук, меѓу кои се и двата албуми со флејтистката Агата Кјелар-Длугош.
Редовно е пијано придружник на бројни работилници и мајсторски курсеви со етаблирани музичари и педагози.

Јунгиевич е професор на Музичката академија во Катовице.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

На програмата се дела на Моцарт, Шуман, Шаминад, Луланк, Шимановски, Падеревски, менделсон, Горецки, Лутославски, Шелиговски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница

Следно

Претежно сончево и многу топло време

Latest from Blog

Тензично во Подгорица: Групи граѓани се собираат на протест, откако се уапсени 11 лица: Турци, надвор! (ВИДЕО)

Како што објави Антена М, група граѓани тргнале од Стариот аеродром кон центарот на градот. Тие извикуваат „Турци надвор“ и „Турци, одете си“, пренесе Телеграф. Дан пишува дека неколку десетици жители на

Струмичанец ќе биде селектор на Србија!

ФОТО: Veljko Paunovic Coach/FB Како што стојат сега работите, се чини дека роден Струмичанец ќе биде селектор на Србија. Секако дека тоа е Вељко Пауновиќ, во моментов најдобриот тренер во Србија а

Бројката на жртви во пресметките во Рио де Жанеиро се зголеми на 64 лица, загинаа и четворица полицајци

Најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа убиени во престрелка меѓу полициските сили и локални криминалци во Рио де Жанеиро. Како што објавува порталот „Глобо“, 81 лице е приведено во

Ѓорѓиевски: Повикувам на масовна излезност во недела, а од понеделник да ги засукаме ракавите и да ги средиме состојбите во градот

Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат во недела, а од

Ѓорѓиевски: Само 17 од 117 камиони се исправни, но Скопје ќе го исчистиме за три дена

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „На дуел кај Иван“ на Телевизија Канал 5, изјави дека ветувањето за чисто Скопје во рок од
Go toTop