Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025
1 min read

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА.

Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека проверките ќе бидат фокусирани на автобуси, минибуси и автомобили кои превезуваат повеќе патници, како и на возила со затемнети стакла.

Полските власти ќе спроведуваат контроли и по должината на литванската граница.

Швед рече дека нема да има физички бариери на 52-та гранични премини со Германија и на 13-те со Литванија, но ќе бидат поставени знаци што ќе им наложуваат на возилата да забават, а сообраќајните ленти ќе бидат стеснети.

– Во случај на контрола на возилото, ќе бидат проверувани документите на возачот и патниците, како и багажникот.  Од оние што ја преминуваат границата се очекува да имаат лична карта. Ќе бидат преземени и мерки за да се осигури дека луѓето што живеат во пограничните области, вклучително и оние кои патуваат преку границата за работа, да не бидат изложени на непријатности, посочи Швед.

Варшава воведува проверки на германската граница како одговор на претходно преземените мерки од Германија за блокирање на нерегуларната миграција на граничната линија со Полска.

Германија спроведува проверки на полската граница од октомври 2023 година. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт по преземањето на функцијата во мај годинава, најави дека контролите ќе бидат засилени и дека барателите на азил би можеле да бидат враќани на границата со Полска.

Германската влада се надева дека по воведувањето на полските гранични проверки ќе нема прекини во сообраќајот. Во тек се структурни прилагодувања на патиштата меѓу Германија и Полска, за да се олесни сообраќајот на границата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, вели ќе го воскресне градот

Следно

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop