Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, вели ќе го воскресне градот

July 6, 2025
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе трча за мандат на Град Скопје на претстојните локални избори по предлог на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кандидатурата се официјализира по седницата на извршниот комитет. Освен за град Скопје се ојбавија имињата на кандидати за уште пет општини: Гази Баба актуелниот Бобан Стефковски, Карпош Сотир Лукроски кој доаѓа од приватниот сектор, сега актуелните градоначалници ќе бараат уште еден мандат од гласачите во Лозово Бошко Петкоски, Пехчево Александар Китански, Ресен Јован Тозиевски и општина Зрновци Борчо Коцев.  

Сега кандидатот за од ВМРО ДПМНЕ за град Скопје Ѓорѓиевски изјави дека изборната програма ќе биде изработена согласно реалните потреби на Скопје со фокус на решение на сообраќајниот хаос и хигиената во градот видејќи сега е како што потенцира „прљав“.

Разговорите со партијата ЗНАМ која е коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ се водат во конструктивна атмосфера сеуште се разговара околу кандидатите како ќе биде додека пак листите на советници ќе бидат посебни вели Мицкоски, додека пак со ВРЕДИ и останатите ќе родолжи соработката и за локалните избори. За комплетирање на кандидатската листа остануваат уште 20 – тина општини кои што ќе бидат објавени во два наврати еден до крајот на јули десетина и другата група од десет имиња до крајот на август многу порано од законски предвидениот рок кој што е до средината на септември.  

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

Следно

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop