Полска ѝ ги испорача првите тенкови „леопард“ на Украина

February 24, 2023
1 min read

Информацијата првично ја соопшти полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, а неколку часа подоцна потврда дека четирите тенка веќе се испорачани во Украина дојде и од премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, кој во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски

Полските власти соопштија дека ѝ ги испорачале првите тенкови „леопард“ на Украина на денот кога се одбележува една година од почетокот на руската агресија врз земјата, пренесува „Гардијан“.

Првата пратка „леопарди“ од Полска за Украина брои четири тенка/Фото: Архива

Информацијата првично ја соопшти полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак во својот воведен говор на состанокот на Советот за национална безбедност во Варшава.

„Премиерот не можеше да биде тука, тој замина за Киев да ги однесе тенковите `леопард` кои се прва пратка испорача во Украина“,

рече Блашчак.

Првата пратка „леопарди“ која денеска ѝ е испорачана на Украина брои четири тенка, пренесе Би-би-си.

Неколку часа подоцна потврда дека четирите тенка веќе се испорачани во Украина дојде и од премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, кој во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Полска и Европа се на ваша страна. Дефинитивно нема да ве оставиме, ќе ја поддржуваме Украина сè до целосната победа над Русија“,

рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со украинскиот лидер.

Тој истакна дека Полска наскоро ќе обезбеди повеќе тенкови „леопард“, како и голем број модернизирани тенкови Т-72 од советската ера.

Полска ѝ вети на Украина 14 тенка „леопард 2“ од германско производство.

Пред десетина дена Германија, која кон крајот на јануари даде дозвола за извоз и реизвоз на тенковите „леопард“, одлука на која сојузниците меѓу кои и Полска чекаа подолг период, најави дека до крајот на март ќе ѝ испорача на Украина „половина баталјон“ од борбените тенкови, што значи околу 15 тенка.

Тенковите „леопард“ кои се од германско производство се дел од армиите на повеќе од 10 земји членки на НАТО. Украина, според ветувањата што ги доби, треба во наредните месеци да добие најмалку 100 „леопард 1“ – постар, но обновен модел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

Следно

Орбан повторно повика на прекин на огнот во Украина

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од
Go toTop