Полномасно млеко: Колку е корисно, а колку штетно?

September 29, 2025
2 mins read

Со 152 калории и осум грама масти по чаша, полномасното млеко долго време се сметаше за полн оброк, но стручњаците велат дека приказната е посложена. Сѐ тоа повторно е во центарот на вниманието во САД, бидејќи законодавците и здравствените службеници размислуваат повторно да го воведат во училишните кујни, предизвикувајќи жестока дебата за неговата вистинска хранлива вредност, објави „Б-92“.

Што е полномасно млеко и по што се разликува?

– Полномасното млеко може да звучи како богато со калории, но нутритивно не е толку различно од опциите со помалку маснотии што ги гледате на полиците. Главната разлика лежи во количината на масти и калории, вели Кети Браун – диететичарка и претседателка на Националниот совет за млечни производи.

Во 1980-тите и 90-тите, полномасните млечни производи добија лош глас, бидејќи се богати со заситени масти, за коишто се сметаше дека доведуваат до срцеви заболувања, потсетува д-р Тајлер Џ. Сандерс. Но, поновите истражувања го менуваат тој поглед на нештата.

Истражување објавено неодамна во американскиот „Журнал“ за клиничка исхрана (The American Journal of Clinical Nutrition) не открива значајна разлика во кардиоваскуларниот ризик меѓу луѓето кои пиеле полномасно млеко и оние кои пиеле млеко со ниска масленост. Истражувачите заклучија дека е поважно за здравјето на срцето да се намали внесот на храна со ниска содржина на хранливи материи, ултра-преработена, отколку да се избира меѓу различни видови млеко. Д-р Сандерс се согласува.

– Иако високите нивоа на заситени масти во контекст на преработената храна може да бидат загрижувачки, заситените масти од интегралните храни како што се млечните производи не се чини дека предизвикуваат срцеви заболувања, вели тој.

Млекото, вклучувајќи го и полномасното млеко, обезбедува полни, висококвалитетни протеини и други хранливи материи коишто помагаат да останете сити, ја поддржуваат енергијата и помагаат во обновувањето на мускулите, според д-р Анџела Холидеј-Бел.

– За децата, овие придобивки се особено важни. Во првите 1.000 дена од животот – од зачнувањето до двегодишна возраст, брзиот развој на мозокот зависи од клучните хранливи материи. Кравјото млеко обезбедува седум од 14-те хранливи материи идентификувани од Американската академија за педијатрија како неопходни за раниот развој на мозокот. Млекото, исто така, природно содржи електролити, што го прави изненадувачки делотворно во хидратацијата – понекогаш дури и подобро од водата или спортските напитоци. Покрај тоа, млечните производи се најдобар извор на калциум и витамин Д, објасни д-р Холидеј-Бел.

Во таа смисла, алтернативите на растителна основа – како бадемовото или овесното млеко, значително се разликуваат. Повеќето од нив содржат многу малку протеини и често имаат долги списоци на состојки, додека кравјото млеко е едноставно – млеко, природно богато со витамините А и Д.

– Дури и кога [млекото од растително потекло, з.п.] е збогатено, биорасположивоста на хранливите материи може да се разликува од онаа на природните млечни производи. Плус, додадените засладувачи во млеката од растително потекло можат да ги поништат нивните нутритивни придобивки, појасни д-р Сандерс.

Секој вид кравјо млеко обезбедува висококвалитетни протеини и 12 други есенцијални хранливи материи, што го прави добар избор за деца и возрасни – ако се внесува умерено. Полномасното млеко може да обезбеди дополнителни придобивки токму поради мастите што некогаш го правеле непожелно. Затоа, според добар дел од науката, новите сознанија се во негова корист.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мисајловски со порака: Ова е ВИСТИНСКИОТ избор

Следно

Ѓорѓиевски најавува зелени паркови, нови булевари и дигитална трансформација на Скопје

Latest from Blog

ChatGPT воведува нова корисна опција – ќе може да ја користите целосно бесплатно!

OpenAI објави дека групните четови стануваат достапни за сите корисници ширум светот, само една недела по ограниченото тестирање. Новата функција овозможува повеќе корисници заедно да соработуваат во ист разговор со помош на

Како студот влијае на човечкото тело?

Пред доаѓањето на зимата и студениот бран што носи пад на температурите, стручњаците потсетуваат дека студеното време може забележливо да влијае на различни делови од телото. Имено, студот влијае на човечкото тело

Поплавите во Албанија ја однесоа првата жртва, се излеаја реките (ВИДЕО)

Жена која вчера исчезна во Девол, бидејќи се сомневаше дека била однесена од надојдените води, е пронајдена мртва. Воените сили работеле на пронаоѓање на телото на 76-годишната Флора Хоџа, која боледувала од

Челзи со гостински триумф кај Барнли

На стартот на денешната Премиер лига програма, тимот на Челзи успеа да слави на гостувањето кај тимот на Барнли од конечни 0:2. Гостите дојдоа во водство во 37. минута со голот на
Go toTop