Полноќна „бомба“ на Максимир: Динамо пред спектакуларен потпис

September 5, 2025
1 min read
Фото: FabrizioRomano

Вистинска трансфер бомба доаѓа од Максимир. Исмаел Бенасер ќе стане нов член на Динамо.

Оваа вест ја донесе почитуваниот ескперотот за трансфери Фабрицио Романо.

„Динамо Загреб е во финални преговори со Исмаел Бенасер од Милан. Алжирецот треба да се приклучи на хрватскиот тим. Тој треба да биде во Хрватска денес“, рече Романо.

27-годишниот играч од средниот ред е член на Росонерите шест години и неговото доаѓање на Максимир дефинитивно е огромно изненадување.

Исмаел Бенасер ги помина претходните шест месеци на позајмица во Марсеј. Тој одигра 12 натпревари, а гигантот од Велодром не го откупи неговиот договор.

Бидејќи Макс Алегри не сметаше на неговите услуги оваа сезона, беше одлучено Алжирецот да влезе на трансфер листата. Во претходните денови, тој беше поврзуван со турскиот Трабзонспор, но тој одби да оди во Суперлигата.

Динамо се појави неочекувано. Бенасер ја прифати поканата на Звонимир Бобан и е подготвен да дојде во Загреб.

Деталите за трансферот ќе бидат познати многу наскоро, но без сомнение, ова е еден од најголемите дојдовни трансфери на Динамо досега.
Бенасер одигра 178 натпревари во дресот на „росонерите“ во последните шест години и има учинок од осум гола и 12 асистенции.

Во текот на својата кариера, овој одличен играч од средниот ред играше и за Емполи, Арсенал, Тур и Арлесен. Тој има навистина огромно искуство и сигурно ќе биде одлично дополнување за „сините“.

Овој фудбалер ги помина сите младински селекции на Франција, каде што е роден, но потоа одлучи да игра за земјата на неговите родители – Алжир.

Тој има одиграно 50 пати за репрезентацијата на оваа земја и постигна два гола.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Харков: Во руските напади за 24 часа загинале три лица, а шестмина се ранети

Следно

Марко Ѓуриќ: Доколку Европа не го заврши процесот на проширување, ризикува да стане тематски парк

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop