Полицијата заплени ножеви: Уапсени навивачи на Лацио пред дуелот со киевски Динамо

September 25, 2024
1 min read

Дел од навивачите на римски Лацио нема да можат да присуствуваат на вечерашниот натпревар од првото коло во фудбалската Лига Европа против Динамо Киев во Хамбург.

Неколку навивачи се уапсени откако се обиделе да ја избегнат полициската придружба, а потоа кај нив при претрес на интервентната полиција било пронајдено ладно оружје, главно ножеви.

Германските медиуми јавуваат дека од првиот момент кога навивачите на Лацио пристигнале во градот, вкупно 60 од нив биле приведени во полициски станици.

Римскиот клуб официјално објави дека голем број навивачи на Лацио се уапсени во Хамбург и дека им е забранет влез на стадионот и натпреварот од Лига Европа.

Поради руската инвазија на Украина, клубот од Киев својот воведен натпревар во Лига Европа вечерва ќе го игра на северот на Германија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје доколку Белорусија биде нападната

Следно

Отворен музејот на „Алкалоид“

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop