Полицијата на терен – се вршат антитерористички проверки на скопскиот аеродром

February 20, 2023
1 min read

На електронските адреси на 10 училишта во Скопје и четири во Прилеп, како и на Меѓународниот аеродром „Скопје“, претпладнево пристигнале закани за поставени експлозивни направи, информира МВР.

– Денеска до 09.30 часот пријавено е дека на електронските адреси на 10 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во четири училишта во Прилеп, се наведува во соопштенито.

Од МВР посочуваат дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат мерки за расчистување на случаите.

– Исто така, добиена е пријава за испратена закана и до аеродромот во Скопје, каде исто така, во тек се антитерористички проверки, посочуваат од полицијата.

Според извори на МИА, меѓу скопските училишта каде се вршат безбедносни проверки се гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ и Електротехничкото средно училиште „Михајло Пупин“. Минатата недела четири дена имаше дојави за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, како и во четири во Прилеп и во две училишта во Куманово.

По спроведените проверки МВР утврди дека сите дојави биле лажни.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Доњецк: Засилени се нападите во украинскиот Вухледар

Следно

Бајден со воз патувал од Полска до Киев, на Зеленски му ветил дополнителна воена помош и нови санкции против Русија

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop