Полицијата го прогласила за мртов, откако некој му го украл идентитетот: Сега ми е страв да патувам

September 24, 2025
1 min read

Всушност, сè било резултат на кражба на идентитет што траела со години, објави Дејли Меил.

Натан штотуку излегол од кадата во саботата кога неговата мајка го повикала и рекла дека двајца полицајци дошле на нејзината врата со веста за неговата смрт. Во неверица, тој морал лично да оди во куќата на неговата мајка и да докаже дека е жив со пасошот во рака.

Кражба на идентитет во Барселона

Следниот ден, тој контактирал со британскиот конзулат и ја открил шокантната вистина – некој се претставувал како него три години. Според шпанската полиција, непознато лице го користело името и бројот на пасошот на Натан откако бил уапсен во Барселона во 2022 година. Се сомнева дека кражбата на податоци се случила неколку месеци претходно, додека Натан бил на ергенска забава во истиот тој град.

Измамникот наводно живеел под две лажни имиња, а кога неодамна починал, властите ги пронашле информациите на Натан и автоматски претпоставиле дека е тој.

„Мислев дека е лесна цел“

Неговата партнерка, 31-годишната Холи Вест, ја сподели приказната на TikTok. „Малку е бизарно и неверојатно“, рече таа. „Мислев дека е вклучен во опасен сценарио. Помислив: „Ако некој сакаше да го извади, ова би бил совршен начин.“

Таа се сетила и на моментот кога тој истрчал во крпа, излегол од бањата, за да докаже дека е жив: „Скандалозно е. Толку лудо што не можеш ништо да направиш освен да се смееш.“

Страв од идни патувања

Иако приказната е разјаснета, Натан сега се плаши од можните последици. „Немам поим како овој човек дошол до моите информации. Се грижам дека ако патувам, ќе имам проблеми со пасошот или дури ќе бидам уапсен. Не сум направил ништо лошо и сакам ова конечно да се реши.“

Британската полиција го потврдила настанот. „Шпанските власти известија дека починал британски државјанин. На нивно барање, го посетивме семејството, но брзо утврдивме дека човекот е жив и здрав. Ги информиравме нашите колеги во Шпанија за сè“, се вели во соопштението за медиумите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лудница на “Метрополитано“: Алварез со хет-трик и со гол во 88.минута му донесе победа на Атлетико Мадрид

Следно

Клинт Иствуд одбил улога во познат вестерн- не му се допаднало сценариото (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop