Полицијата го депортираше отец Фотиј од Косово во Македонија

October 21, 2023
1 min read

реклама


Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општина Звечан, отец Фотиј, кој е државјанин на Северна Македонија и чие граѓанско име е Александар Костовски, депортиран е од Косово во Северна Македонија од страна на косовската полиција по итна постапка и без никакво објаснување, јави дописникот на МИА од Белград.

Отец Фотиј е роден 1981 година во Скопје, а во Рашко-Призренската Епархијата на СПЦ е од 2004 година. До 2009 година служел како свештеник во манастирот Сопоќани и во Грачаница, каде што поминува најмногу време, а таа година поставен е за игумен на манастирот Девина вода кај Звечани, каде што непрекинато живее 13 години извршувајќи ги монашките должности, соопшти Рашко-призренската епархија.

реклама

-Во согласност со косовските закони, отец Фотиј, како граѓанин на Северна Македонија, кој како и другите свештеници од нашата епархија кои немаат косовски документи, секоја година аплицираше за дозвола за престој во последните пет години. Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено, се наведува во соопштението.

Од Рашко-призренската епархија наведуваат дека на игуменот на манастирот, иако имал одобрена дозвола за престој до 11 ноември 2023 година, му било кажано „дека мора веднаш да оди во притвор и дека ќе биде депортиран од Косово, како и дека сите негови претходни барања и дозволи за престој во Косово се откажани и дека неговиот понатамошен престој во Косово ќе биде нелегален“.

реклама

-Во документот што му е доставен, цитирани се членови од законот кои се однесуваат на „причини од национална безбедност“ без да се наведе каква било кривична или друга одговорност, се вели во соопштението.

Откако бил принуден да се согласи на депортација, на отец Фотиј привремено му бил одземен пасошот на Северна Македонија и мобилниот телефон, темелно претресено му е возилото, на што посведочил претставник на ЕУЛЕКС, по што со полициска придружба бил депортиран до границата со Северна Македонија, каде му е вратен пасошот и телефонот, со забрана за влез во Косово во следните пет години.

реклама

На депортацијата реагираше денеска и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ кој изјави дека „протосинѓел Фотиј, кој со години го регулираше престојот на Косово и Метохија во согласност со административните процедури на Приштина, без никаква причина и објаснување е депортиран во Северна Македонија од каде што потекнува, а ниту присутните претставници на меѓународните организации не успеаја да го спречат овој акт на насилство“. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак во Приштина:Настаните од 24.септември не го менуваат фактот дека Косово и Србија мора да го исполнат договореното

Следно

Во израелските напади на Појасот Газа досега загинаа 4.385 лица

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop