Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти доколку имаат рок на важење, вели Тошковски

January 10, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно име, но побара од полицајците само да ги опоменуваат оние кои тоа не го направиле досега. Според Тошковски, не треба штета да трпат граѓаните поради погрешните политики на претходната власт.

– Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети, јас еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат кабает заради тоа што имало во минатото политичари коишто не си ја сакале државата. И упатувам апел да ги применат законските одредби коишто се однесуваат на опомена и на укажување на сите оние коишто да речеме во овој адаптибилен период сè уште ќе бидат затекнати со возачка дозвола која има важност во делот на рокот но не е согласно одредбите од законот. Полициските службеници да имаат на предвид при постапувањето одредбите коишто се законски дефинирани во делот на опоменување и укажување се со цел да не се префрли оној немукает и нељубов кон својата држава од аспект на сето она што би требало да значи да кабаетот го платат граѓаните, рече Тошковски од полицискиот одделение во Групчин, каде се отвори нова канцеларија за управните служби.

Тој рече старите лични карти нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење. Со тие може да се премине и државната граница.

– Врз основа на важечка лична карта апсолутно дека може да се излезе од територија на Македонија во рамки на оние држави со кои имаме склучено билатерални договори за да можат да излезат и да влезат со важечка лична карта. Предметна лична карта којашто е важечка моментално може да стане неупотреблива само доколку тоа го констатира државата согласно закон или други акт. Таков акт во Македонија нема моментално. Сите лични карти кои се важечки во рамки на рокот кој е издаден ќе можат да бидат употребувани со сите држави со кои имаме договор, рече Тошковски.

Министерот оцени дека огромен број од пасошите се издадени согласно новото уставно име, дека нема метеж, а постапките се одвиваат без поголеми проблеми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа 20 терористи на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија

Следно

„Законот е јасен“: Огласот за вработување во Липково поништен по претставката за дискриминација од страна на министерот Минчев

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop