Полицијата не успеа да го уапси поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан

March 5, 2023
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Полицијата во Пакистан денес не успеа да го уапси поранешниот премиер на земјата, Имран Кан, поради случајот поврзан со нелегалната набавка и продажба на подароци дадени од странски функционери додека бил на функцијата, пренесува Анадолу.

Судот во Исламабад во вторникот издаде налог за апсење на Кан без можност за кауција во врска со нелегалното здобивање и продажба на подароците.

„Полициски тим од Исламабад, со налог за апсење, денес стигна до североисточниот град Лахоре за да го одведе Кан во притвор“, изјави за новинарите началникот на полицијата на Исламабад, Насир Акбар.

„[Судскиот] налог му е доставен [на Кан]. Сега, ќе го информираме судот и ќе постапиме соодветно“, додаде тој.

Полицијата преку објава на Твитер соопшти дека тим заминал во Лахоре да го уапси Кан врз основа на судските налози.

„Полициски припадник влегол во резиденцијата на Кан за да ги достави судските налози, но поранешниот премиер, кој закрепнува од повредата од огнено оружје што ја доби за време на неуспешниот обид за атентат во ноември, не беше таму“, соопшти полицијата.

„Законот е еднаков за сите“, се додава во соопштението.

Сенаторот Шибли Фараз, шеф на канцеларијата на Кан, го примил судскиот налог и ја информирал полицијата дека поранешниот премиер не е дома.

На снимките што се емитуваат на повеќе локални медиуми се гледа како полицајците стојат пред главниот влез на резиденцијата на Кан во „Заман Парк“, бидејќи обезбедувањето и поддржувачите не дозволиле да влезат во резиденцијата.

Неколку стотина поддржувачи на Кан блокираа некои улици што водат кон неговата резиденција, опкружувајќи ги полициските припадници и принудувајќи ги да го напуштат местото по едночасовното конфронтирање.

Полицијата на Исламабад, во друг твит, објави дека полицискиот тим „сè уште е во Заман Парк“.

Оттаму додаваат дека се преземаат правни дејствија против оние кои го спречиле спроведувањето на судските одлуки.

Фавад Чадри, поранешен министер за информации и потпретседател на Партијата Тахрик-е-Инсаф, на прес-конференција во Лахоре, ја предупреди Владата за протести низ целата земја доколку Кан биде уапсен.

Тој вели дека Владата сакала да го убие Кан со загрозување на неговата безбедност преку судските рочишта.

Кан (70), единствениот премиер во земјата кој е соборен преку изгласување недоверба во 75-годишната политичка историја на Пакистан, се соочува со низа обвинувања, од тероризам до обид за убиство и перење пари. Парламентот изгласа недоверба во април минатата година.

Кан за неговото соборување од власт вели дека е заговор поддржан од САД, обвинување кое актуелната коалициска Влада во Исламабад и Вашингтон повеќе пати го отфрлија.

Тој избегна атентат додека водеше антивладин марш кон Исламабад во ноември. Оттогаш, тој престојува во својата резиденција во Лахоре и честопати ги прескокнуваше судските процеси поради здравствени и безбедносни причини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Духот на Сараево лебдеше над Скопје

Следно

Продолжува руската опсада на Бахмут, украинските власти не соопштуваат детали за ситуацијата во градот

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на
Go toTop