Пол Мекартни одушевен од преработката на „Blackbird“ на Бијонсе

April 9, 2024
1 min read

Британскиот поп-рок пејач Пол Мекартни изјави дека е воодушевен од преработката на неговата песна „Blackbird“ од Бијонсе. Таа ја преиздаде песната под малку изменет наслов – „Blackbiird“, за новиот албум „Cowboy Carter“. Легендата на „Битлс“ ја напишал песната во 1968 година, во време на големи расни тензии во САД и вели дека е среќен што пораката сѐ уште се слуша.

„Мислам дека таа (Бијонсе) направи одлична верзија и ја зајакна пораката за граѓански права што ме инспирираше да ја напишам песната“, напиша Мекартни на Инстаграм.

Создадена во време кога биле убиени неколку водачи на движењата за граѓански права во САД, песната всушност е инспирирана од група црнци – студенти кои први се кренале против сегрегацијата во училиштата во доцните 50-ти во Арканзас.

„Кога видов снимка на телевизија во раните 60-ти на кои на црните девојки не им се дозволува училиште, ми дојде шокантно и не можам да верувам дека и денес сè уште има места  каде што се случуваат овие работи. Доколку мојата песна и фантастичната верзија на Бијонсе можат да ја намалат расната тензија, би било одлично и би ме направило многу горд “, додаде музичарот.

Мекартни рече и оти пејачката му се заблагодарила преку видеоповик. Во верзијата на песната на Бијонсе, свој удел имаат и пејачките Бритни Спенсер, Рејна Робертс, Танер Адел и Тиера Кенеди.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија има нова стратегија за украинската енергетска мрежа

Следно

„Полиграф“: Кои медиуми дезинформираа за оставка на хрватскиот претседател Милановиќ?

Latest from Blog

Падна товарен авион во близина на Пакистан- пронајдени се остатоците

Остатоците беа пронајдени по 12-часовно пребарување, пишува Би-Би-Си. Пребарување и пронаоѓање на остатоците Пакистанската аеродромска управа вели дека се во тек напори за лоцирање на екипажот на приватниот товарен авион К2 Ервејс.

Песков: Путин е подготвен за разговор со Трамп

„Господинот Трамп очигледно беше многу зафатен по сите контакти во Анкара, па никој не се јави вчера“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на разговорите што американскиот претседател ги имаше
Go toTop