Покетино: Никогаш, ама баш никогаш нема да бидам тренер на Барселона!

September 4, 2025
1 min read

Познато е што се случуваше од триесетите години на минатиот век па наваму, посебно во Каталонија. Па така кога играат Барселона и Реал Мадрид, а и кога се игра градското дерби Барселона – Еспањол, тоа е повеќе од еден обичен фудбалски натпревар.

Секако дека тука во главна улога е историјата, политиката. Едните се за отцепување (Барселона), а другите се останување во Шпанија (Еспањол).

Инаку Еспањол, за разлика од неговиот помоќен градски ривал Барселона, сака да каже дека е аполитичен фудбалски клуб. И се верува дека повеќето од неговите поддржувачи се за останување во Шпанија. Во Барселона, тие беа отворени за референдум за отцепување. И тоа не е тајна.

Свој коментар за ова има Маурицио Покетино, сегашниот селектор на САД, кој е играчка легенда на Еспањол а поранешен тренер на Тотенхем, ПСЖ, Челзи, Саутемптон:
„Што значи тоа дека Барса е повеќе од клуб? Дали тоа значи дека децата треба да бидат индоктринирани со некои идеи“, вели Аргентинецот.
Некои се за обединета Шпанија, додека други веруваат дека би живееле подобро ако се отцепат. И иако тоа не е најголемата поделба во земјата – јазот меѓу десницата и левицата ретко каде е толку изразен како во Шпанија, а таков е уште од Граѓанската војна во 1936 година.
„Секогаш се обидувам да го објаснам тоа без да навредам никого… Тие самите велат дека Барса е повеќе од клуб. Што точно значи тоа? Дали значи дека децата треба да бидат индоктринирани со одредени идеи? Мислам дека Барселона греши тука. Секој фудбалски клуб има своја култура, а Барселона е голем клуб, но не ми се допаѓа она што ми го нудат да го купам или приказната што сакаат да им ја продадат на луѓето. Јас во целост се идентификувам со Еспањол и затоа можам да кажам дека никогаш нема да бидам тренер на Барса“, категорично рече Покетино.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Почина Џорџо Армани, еден од најпознатите модни креатори

Следно

Нов хит во Кина: Цуцла за возрасни против вознемиреноста

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop