ПОГЛЕДНЕТЕ КОН НЕБОТО: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи – кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш!

May 6, 2024
1 min read

Оваа среда е првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда.

Постарите велат дека вечерта треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија.

Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека денес по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало.

Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш…

Денешната среда се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на денешен ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕМА КОЈ НЕ СЕ СЕЌАВА НА НЕА: Тајчи се уште може да го облече легендарниот фустан од настапот на Евровизија пред точно 34 години, еве како изгледа денес! (ФОТО)

Следно

Лавров: Русија нема со кого да преговара на Западот, загрижена е за ситуацијата на Балканот

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop