Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“

October 23, 2024
1 min read

Во Собранието денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Димоски е добитник на наградата за остварување во областа на културата и уметноста.

Славе Ѓорѓо Димоски (поет, есеист, преведувач) е роден на 18 март 1959 година во охридското село Велестово. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во два мандата бил претседател на Управниот одбор на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Основач е и долгогодишен раководтиел на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

Автор е на книгите поезија „Гравири“, 1979, „Проект“, 1982, „Студен порив“, 1985, „Последните ракописи“, 1988, „Спореден пат„, 1991, „Предмети и аргументи“, 1994, „Форми на страста“, 1998, „Форми на страста / Forms of passion“, „Macedonia Prima“, 1999, „Темно место“, 1999, „Мерач на зборовите“, 2007, „Хаику на разгледници“, 2015, „Јазичен триптихон“, 2015, „Кумова слама“, 2018, „Јазик и леб“, како и книгата „Поезија/Ткаења“ од 2014 година во која е објавена неговата целокупна поезија пишувана од 1979 до 2014 година.

Објавил шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Дваесет книги му се преведени на странски јазици, а поединечни песни и поетски циклуси се преведени на над триесет и пет јазици, меѓу кои англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски италијански, грузиски, ерменски, монголски.

Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, а меѓу нив „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др. Двапати е добитник на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012 г.)

Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

[Видео] СДСМ: Скандалозни помилувања на претседателката Сиљановска Давкова

Следно

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава

Latest from Blog

Граѓаните на Романија бираат нов претседател

БУКУРЕШТ (АА) – Граѓаните во Романија денес излегуваат на гласачките места за да го искористат правото на глас на претседателските избори, јавува Анадолу. На 9-те избори во Романија, членка на Европската Унија

Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА), којшто се одржа во Будимпешта на покана на

Мицкоски најави: Денеска ќе соопштам добра вест за македонското стопанство

Премиерот Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа Фејсбук, најави дека денеска ќе се соопшти добра вест за македонското стопанство. „Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство!“, најави Мицкоски. Во текот на денот

Мицкоски: Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство!

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе соопшти добра вест за македонското стопанство. -Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство! 100% #Посветени, пишува Мицкоски на Фејсбук. Инаку, Мицкоски денеска ќе присуствува
Go toTop