„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

October 20, 2025
2 mins read

Во кањонот Велика Пакленица, во средна Далмација, близу Стариград, Хрватска, меѓу 1950. и 1952 година, во строга тајност била изградена мрежа тунели коишто требало да служат како засолниште и логистичка база во случај на можен судир или војна меѓу Југославија и Советскиот Сојуз, од што југословенскиот претседател Јосип Броз – Тито сериозно стравувал тие години, особено откако во СССР е произведена атомската бомба во 1949 година. Бункерот биле изградени во целосна тајност, а оние што ги граделе биле заколнати на доживотен молк. Затоа, дури и денес за нив не се знае многу. Но, „Подземниот град Пакленица“ е редок пример за тоа како на бетонските „реликвии“ од поранешната држава им е дадена нова, посоодветна и многу поубава улога, пишува „Пункуфер“ (Punkufer).

Се претпоставува дека ова било еден од 26-те тајни објекти со иста намена, изградени низ цела поранешна Југославија во средината на ХХ век. Тунелите, т.е. бункерот бил изграден во областа заштитена со високи карпи коишто би обезбедиле заштита и од воздушни напад.

Жителите на блиските градови – Стариград, како и планинските населби Рамиќи и Катиќи се сеќаваат дека за време на изградбата во 50-тите било забрането да се минува низ кањонот Велика Пакленица, до местото каде што денес се наоѓа приемот во Националниот парк. Градилиштето тајно го чувале војници. Се говори и дека бункерот го граделе не само војници и цивилни работници, туку и затвореници. Патем, не било невообичаено Југословенската армија да ги носи работниците со врзани очи на градилишта, за овие да не знаат каде се наоѓаат.

⭕️OBAVIJEST⭕️
Dragi posjetitelji,
Posjetiteljski centar “Podzemni grad Paklenice” bit će privremeno zatvoren u utorak, 3. rujna 2024. zbog redovnog održavanja.

Zahvaljujemo na razumijevanju!

Posted by Nacionalni park Paklenica on Monday, September 2, 2024

Кога Сталин починал во 1953., тунелите биле запечатени – и останале затворени до 90-тите, кога Хрватската армија ги презела.

Следствено, откриен е импресивен подземен комплекс од ходници, сали, засолништа и технички простории, со вкупна површина од речиси две илјади квадратни метри. Овој огромен бункер бил опремен со плочки и врати, систем за вентилација, резервоар за вода, а на самиот крај од тунелот, наводно, се наоѓала „Титовата соба“ – најобезбедената просторија со ѕидови дебели четири метри, кујна и бања.

Не е познато како тунелите биле пробиени во карпата, но јасно е дека – обложени со бетон дебел еден и пол метар, тие биле изградени за да издржат експлозии. Тони камења извадени од планината Велебит биле користени за пополнување на пристапниот пат до бункерот – некои за обложување на ѕидовите, а дел завршиле во блиската реката. Бункерот имал два влеза, коишто по затворањето останале запечатени до 1991 година.

За време на војните при распадот на Југославија, Хрватската армија ги користела тунелите како складиште, а потоа му биле предадени на управувањето на Националниот парк Пакленица. По обемен и долг процес на реновирање, денес ова огромно засолниште е отворено за јавноста како современ, модерен и интерактивен Центар за посетители, под називот „Подземен град Пакленица“, главно посветен на убавините на Велебит, додека само еден дел е посветен на самиот бункер каде што има и кафе-бар.

Во три големи сали, посетителите можат да ја доживеат Велебит и да научат сè за неа – за потеклото, геолошките појави, флората и фауната, како и за луѓето што живеат таму и нивните обичаи. А пак, една сала е посветена на Пакленица како едно од најголемите места за планинарење во овој дел од Европа – има и вештачка карпа, а може да се дознае и за пионерите на хрватскиот алпинизам и заслужните планински спасители.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лабудвоиќ: Сите опизициски гласови се за промена – промената во центар е неизбежна!

Следно

Аморим: Ова е најважната победа за Јунајтед откако сум тука

Latest from Blog

Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

(Скопје, 12 март 2026) – Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025, национална иницијатива што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Компанијата беше наградена во категориите Мобилна апликација за е-трговија

Божиновска: Поголемо учество на жените води кон поотпорни и иновативни енергетски системи

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins

Програмата за самодоверба на Schwarzkopf Gliss ги оснажува жените трета година по ред – Силни жени за силен свет

Програмата за самодоверба на Schwarzkopf Gliss, која преку спој на едукација и поддршка ги води учесничките на патот кон остварување на нивните професионални и лични цели, ќе се одржи по третпат. Со

Димитриеска Кочоска: ЕБОР како клучен партнер во инфраструктурните проекти

Силниот фокус и посветеност на Владата во реализацијата на капиталните инвестиции денес беа потврдени на средбата со Елена Гордеева, директор за инфраструктура во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), и претставникот

Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: хидрантот празен, помошната врата заклучена со катанец

Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава
Go toTop