Лабудвоиќ: Сите опизициски гласови се за промена – промената во центар е неизбежна!

October 20, 2025
1 min read

Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ:

„Ви благодарам за огромната поддршка што ми ја дадовте во првиот круг на изборите за градоначалник на нашата општина. Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ.

Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар!

Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење.

Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар.

Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба.

Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар!

Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни.

Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина.

Граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања.

Сега е време за вистинска работа, време за ред, чисти улици и чесна општина!

За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа! Победа за секој граѓанин кој сака нормален, убав и достоинствен Центар.

Центар повторно ќе биде најубавата, најчистата и најуредената општина во Скопје.“

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити и Бакиу со поддршка за Ѓорѓиевски во вториот круг во Скопје

Следно

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop