Поднесено обвинение за убиството на малата Данка од Бор

September 24, 2024
1 min read

Вишото јавно обвинителство во Заечар поднесе обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на тригодишното девојче Данка Илиќ. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство, а обвинителството бара доживотна казна затвор, јави дописникот на МИА од Белград.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, се товари за полесни кривични дела, помагање на сторителот по извршено кривично дело и непријавување на сторителот. За тие кривични дела максималната затворска казна е до осум години.

Обвинителството предложи судот да им го продолжи притворот на осомничените.

Случајот со двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор ја подигна Србија и регионот на нозе, а нејзиното исчезнување беше причина првпат да се активира системот „Најди ме“, односно Amber Alert, кој итно ја известува јавноста за исчезнување на дете.

Иако полицијата соопшти дека осомничените го признале делото, Вишото јавно обвинителство од Зајечар во јули соопшти дека осомничените за убиството на двегодишното девојче негирале дека го сториле делото.

Обвинителството претходно соопшти дека од службеното возило на ЈКП „Водовод“ каде осомничените работеле, одземени се над 500 траги, за кое полицијата се сомнева дека го управувале двајцата осомничени кога го удриле детето.

-Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, како во самиот автомобил, така и на надворешните делови на возилото, соопшти обвинителството во јули.

Полицијата во Србија се уште го нема пронајдено телото на девојчето.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски бомби го погодија украинскиот град Запорожје

Следно

Мицкоски oчекува договореното за цените да се почитува, ќе се санкционира секое неетичко однесување

Latest from Blog

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА. Вардар во
Go toTop