Поднесена претставка за дискриминација против Бујар Османи

January 5, 2023
1 min read

Новинарот Љупчо Златев објави дека поднесов претставка против Министерството за надворешни работи и против министерот Бујар Османи до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

-Претставката е во однос на воведувањето на МКарта, со која се дискриминираат околу 2 милиони граѓани по бројни основи.

Во прилог, интегрално ви ја пренесувам содржината на претставката:

Со воведувањето на МКарта, директно се дискриминираат стотици илјади граѓани на нашата земја, вклучително и јас.

Имено, министерството предводено од господинот Бујар Османи донесе одлука според која носителите на оваа картичка ќе поминуваат забрзано на граничните премини.

Овие лица не се службени лица и не се носители на дипломатски или високи јавни функции, што значи дека немаат службени или дипломатски патни исправи. Оттука, секое нивно привилигитање во однос на останатите граѓани претставува дискриминација.

Дополнително изборот на “истакнати личности од земјата кои живеат во странство” е целосно нетранспарентен без јасно дефинирана методологија и единствено и со ексклузивно право на вработени во МНР да одлучуваат кој ќе добие ваков статус.

Се прави дискриминација врз основа на личен или општествен статус, имотен статус и социјално потекло, со тоа што на листата на привилигирани носители на МКарта се наоѓаат лица кои само затоа што се богати ќе поминуваат побрзо на граничните премини како успешни бизнисмени или индивидуалци во странство. На сметка на тоа, обичните граѓани ќе чекаат ред и ќе бидат дискриминирани.

Ред ќе чекаат и бремените жени, болните и изнемоштените и лицата со попреченост кои исто така се дискриминирани поради нивната здравствена состојба.

Во исто време, на листата од 69 носители носители на МКарта која беше објавена евидентно е дека не се опфатени бројни научници и интелектуалци кои според мене се изоставени само затоа што се Македонци и Православни христијани, што значи дека министерството и министерот Бујар Османи, дискриминираат и по основ на етничка припадност и религија, објави Златев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

И Германија бара негативен тест за патници од Кина

Следно

Нови детали и фотографии од несреќата во Велес, железничкото возило кочело околу 500 метри

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop