„Подготвени сме да им донесеме нови ноќни мори на оние што го користат тероризмот за да ја таргетираат Туркије“

March 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја е подготвена да им донесе „нови ноќни мори“ на оние што се обидуваат земјата да ја фрлат на колена со тероризам, известува Анадолу.

„Туркије е во ек на подготовки што ќе им донесат нови ноќни мори на оние што се обидуваат да воспостават тероризам по должината на нашата јужна граница и работат на наша штета“, рече претседателот Ердоган по седницата на Кабинетот во главниот град Анкара, мислејќи првенствено на терористичката организација ПКК, која дејствува со седиште преку границата во Северен Ирак, и на ЈПГ-ПКК, сирискиот огранок на ПКК.

Во својата повеќе од три децении терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК се одговорни за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и новороденчиња.

„Прашањето што се однесува на нашите граници со Ирак трајно ќе биде решено ова лето“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Туркије е одлучна да воспостави безбедносен коридор по должината на своите граници со Сирија, кои се протегаат 30-40 километри во длабочина.

Коментирајќи ги ситуацијата во Појасот Газа и израелските напади врз таа енклава, претседателот Ердоган рече дека трајно решение за проблемот лежи во постигнувањето ефективен и одлучен меѓународен консензус.

„Туркије дава сѐ од себе за Газа и Палестина и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина“, порача претседателот на Туркије.

Тој особено укажа на неопходноста на единство на исламскиот свет во овој контекст.

„Исламскиот свет повеќе од кога било претходно треба да биде едно тело, кохерентен и единствен, како совршено изграден ѕид“, порача Ердоган.

Минатата есен земјите од регионот формираа контакт-група заедно со Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Арапската лига, со цел да се залагаат за прекин на огнот во Газа и воспоставување на државата Палестина.

Претседателот Ердоган, исто така, истакна дека нема да биде безбедна ниту една држава што го легитимира системскиот грабеж на палестинската земја уште од Втората светска војна.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Туркије, претседателот Ердоган рече дека неговата земја остварила нов рекорден извоз во секторот на одбранбената индустрија и воздухопловството во висина од 633 милиони долари во првите три месеци од 2024 година.

„Со вкупно 50 земји потпишани се договори за испорака на 770 беспилотни летала. Само минатата година остварен е извоз на беспилотни летала во вредност од 1,8 милијарди долари“, посочи претседателот на Туркије, Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денешниот „супер вторник“ се очекува да даде многу одговори во трката за претседателски кандидати во САД

Следно

Од 2030 година ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во рестораните

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop