Почнува Светскиот економски форум

January 15, 2024
1 min read

Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум кој ја собира светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот.

Овогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток.

Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Оваа година на Форумот во Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снег на планинските превои Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица

Следно

Во израелските напади врз Појасот Газа во текот на ноќта загинаа 33 Палестинци

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop