Почнува скијачката сезона на Ски центар „Стрежево”

December 17, 2023
1 min read

реклама


 Од денеска почнува скијачката сезона на ски центарот „Стрежево“ со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие.

Според востановената традиција, скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители на двата ски лифта, а вечер ќе има и ноќно скијање.

реклама

-Синоќа,  со наша механизација и камиони од „Македонија пат“ овозможивме патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се исчисти и паркинг просторот наменет за посетителите на Ски-центарот Стрежево. Завршивме со уредување и обележување на постојните скијачки патеки, а ќе функционира и редарската служба. Нашиот скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски – терените, изјави Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Ски центарот „Стрежево“, кој се наоѓа во атарот на Нижо Поле, подготвува богата програма за посетителите во претстојната скијачка сезона. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали на Скопје му треба уште еден шопинг мол – по низа контроверзии и Ѓорче Петров доби нов трговски центар!

Следно

Синдикат на полицијата во Македонија: Пратениците од власта не го одобрија предлогот за покачување на платите во Полицијата

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop