Почнува дводневниот Самит на НАТО

July 11, 2023
1 min read

Покрај шефовите на држави или влади на членките на НАТО, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, на Самитот во Вилнус учествуваат и лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, како и на Европската Унија

Клучните предизвици со кои се соочува Алијансата и натамошните чекори за зајакнување на одбранбените капацитети, но и приближувањето на Украина кон Алијансата ќе бидат клучните теми на кои ќе се осврнат лидерите на земјите-членки на НАТО денеска и утре на Самитот во Вилнус.

На Самитот, делегацијата на Северна Македонија ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во нејзиниот состав се и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Вкупно 48 странски делегации со 2400 членови, вклучувајќи 40 претседатели на држави и влади и над 150 високи официјални претставници се очекува да присустуваат на дводневниот самит.

Покрај шефовите на држави или влади на членките на НАТО, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, на Самитот во Вилнус учествуваат и лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, како и на Европската Унија.

Состанок на Северноатланскиот совет ќе се одржи денеска, на чиј почеток до лидерите на земјите-членки на НАТО, ќе се обратат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и литванскиот претседател  Гитанис Науседа.

На состанокот освен лидерите на 31 земја-членка на НАТО ќе присуствува и Шведска, која е во исчекување да стане 32. членка на Алијансата и чиј прием беше забавен поради приговорите на Турција, која смета дека Стокхолм е премногу мек кон групите кои Анкара ги обвинува дека претставуваат безбедносна закана, вклучително и курдски милитантни групи и поединци поврзани со обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Но, по вчерашната средба на Столтенберг со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон на повидок е отворање на процесот.

„Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО“,

изјави Столтенберг по средбата и додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.

За утре е предвиден состанок на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади, со Шведска, партнерите од Индо-Пацификот и ЕУ, како и состанок на Советот НАТО-Украина исто така на ниво на шефови на држави и влади, а и на овој состанок ќе присуствува Шведска.  

Планирани се состаноци на Североатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана и министри за надворешни работи. 

Освен учество на состаноците на Северноатлантскиот совет, премирот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерката на Естонија, Каја Калас и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

Во програмата, како што информира владината прес-служба, предвидени се и неформални состаноци на министрите за одбрана и надворешни работи, на кои ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Османи и министерката за одбрана Петровска.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тотенхем потпиша со Манор Соломон

Следно

Столтенберг: Туркије и Шведска се согласија да воспостават билатерален безбедносен механизам

Latest from Blog

ПОБУНА НА 3 ЗЕМЈИ ОД ЕУ ПРОТИВ НОВИТЕ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ: „Ќе се распадне како кула од карти“

Португалија и Италија се следните популарни туристички дестинации за кои се очекува привремено да се откажат од контроверзните нови гранични контроли на Европската Унија за да се избегне хаос за време на

Николоски: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде завтшен во предвидениот рок

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива според планот и ќе биде завршена во предвидениот рок, отфрлајќи ги, како што рече, „невистините,

Познат кинески милионер ЗАГИНАЛ ВО СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО АЛБАНИЈА: Дошол на службено патување, но некој возел во спротивен правец

Ли Џианхонг, кинески милионер, загина во сообраќајна несреќа за време на службено патување во Албанија! Тешка несреќа се случи во вторник, 27 април, на патот Елбасан-Либражд, кога возило со кинески регистарски таблички

Николоски: Нула факти, многу лаги – автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов навреме

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива според планот и ќе биде завршена во предвидениот рок, отфрлајќи ги, како што рече, „невистините,
Go toTop