ПОЧНУВА 73. БЕРЛИНАЛЕ, 19 ФИЛМОВИ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА МЕЧКА

February 16, 2023
1 min read

После двегодишна пауза поради ковид ограничувањата, 73. издание на Берлиналето почнува вечерва во неговата стандардна форма.

Од денес до 26 февруари ќе се прикажат речиси 400 филмови, и се очекува голема поддршка на луѓето во Украина и Иран, во кои има војна и нереди. Светска премиера ќе има документарниот филм „Супермоќ“ на Шон Пен и Арон Кауфман за украинскиот претседател Володимир Зеленски, руската инвазија на земјата и тековната војна, што ќе игра вон конкуренција.

Се очекува на вечерашното отворање на еден од најпрестижните светски фестивали преку видео да се обрати Зеленски.

Претседателка на жирито е американската актерка, режисерка и сценаристка Кристен Стјуарт, а фестивалот отвора со комедијата „Таа дојде кај мене“ на режисерката Ребека Милер, во која играат Питер Динклиџ, Мариса Томеи и Ен Хатавеј.

За Златна и Сребрена мечка ќе се натпреваруваат 19 филмови, од кои шест се на режисерки. Златна мечка за животно дело ќе добие американскиот режисер Стивен Спилберг.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трајкоска до Ковачевски: Вие воопшто не мислите за народот, мислите само за себе и за вашиот профит

Следно

Бројот на барања за згрижувачки семејства, по земјотресот од три се зголеми на 29.000 дневно

Latest from Blog

Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство, прашуваат од СДСМ

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, оцени во

САД повикуваат на мировен договор меѓу ДР Конго и Руанда, придружен со билатерални договори за минерали

Соединетите Американски Држави вршат притисок врз Демократска Република Конго и Руанда да потпишат мировен договор во Белата куќа за околу два месеци, придружен со билатерални договори за развој на минералните наоѓалишта на

МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година, соопшти денеска Министерството
Go toTop