Почна судскиот процес за смртта на 135 луѓе на фудбалски стадион во Индонезија 

January 16, 2023
1 min read

Судскиот процес против петмина мажи обвинети за негрижа што предизвика смрт на 135 луѓе на фудбалски стадион во градот Маланга, почна денеска во индонезискиот суд.

Трагедијата се случи на 1. октомври лани, на истокот на островот Јава, откако полицијата употреби солзавец кога навивачи го преплавија теренот по поразот на домашниот тим Арем од екипата Персебаја од градот Сурабаја.

Во стампедото предизвикано од солзавецот, настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и повеќе од 40 деца.

Истражниот тим што го формираше индонезискиот претседател Џоко Видодо, како реакција на гневот во јавноста, утврди дека полицијата немала сознание дека користењето солзавец на фудбалските стадиони е забрането, како и дека „неселективно го користела на теренот, трибините и надвор од стадионот, што предизвикало стампедо на повеќе од 42.000 луѓе.

Обвинети се тројца полициски службеници, кои дозволиле или наредиле да се употреби солзавец, претседателот на организацискиот одбор на Арем и шефот на обезбедување на стадионот.

Доколку бидат прогласени за виновни им се заканува казна затвор до пет години.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Што точно кажа Ахмети за Телма и Алфа?

Следно

ЗНМ: Непримерно етикетирање на медиуми и од премиерот Ковачевски

Latest from Blog

Венецуелскaта добитничка на Нобелова награда му ја посвети наградата на Трамп – не може да ја подигне поради забрана за патување

Норвешкиот Нобелов институт ја откажа планираната прес-конференција со овогодинешната добитничка на Наградата за мир, Венецуелката Марија Корина Мачадо, поради нејзината забрана за патување. Мачадо е предмет на децениска забрана за патување воведена

Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти, рече пратеникот Бране Петрушевски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Во

13 затвореници пронајдени мртви во еквадорски затвор

Најмалку 13 затвореници беа пронајдени мртви во неделата во јужен еквадорски затвор, кој беше потресен од насилство во последните месеци, соопшти затворската служба SNAI во понеделник. Телата беа пронајдени откако експлозивна направа
Go toTop