Почна бербата на лутите пиперки во Струмичко

January 13, 2023
1 min read

 

Деновиве почна бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко, кои годинава стасаа порано за повеќе од еден месец во споредба со лани.

Според производителите, раната берба на оваа пиперка се должи на комбинацијата на релативно топлото време за овој период од годината и топлата вода од термалните извори во близина на селото Банско, каде најмногу е засадена под пластеници и фолии во регионот.

-Засега откупната цена е околу десет денари за парче, но годинава почнавме со берба многу порано, иако некои производители се уште се во фаза на расадување и ја очекуваат првата берба. Се надевам дека оваа откупна цена на лутата пиперка ќе остане и понатаму во екот на бербата, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско.

Покрај лутата пиперка, во Струмичко во тек е расадувањето на пролетната зелка, која за берба обично стасува кон крајот на март и почетокот на април.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Статистиката вели: Во Македонија е најлесно да избегаш од затвор од цела Европа

Следно

Украина ќе има нов фудбалски селектор

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop