Почна?

May 29, 2023
1 min read

„Интензитетот се зголемува ама ќе треба да мине прилично долго време,“ изјавил Подолјак, порачувајќи дека како се вжештува контраофанзивата така ќе гледаме се повеќе воени упади на руска територија, како оној во Белгород.

Во исто време со изјавата и првиот човек на украинската војска, генерал Валериј Залужниј, на Телеграм објави видео од своите војници со пораката „Време е да си го земеме тоа што е наше.“ Додека секретарот на украинскиот совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, за Би-би-си изјави дека контраофанзивата би можела да се случи „утре, задутре или за една недела.“

Данилов порачал и дека Киев „нема право да направи грешка“ околу одлуката бидејќи тоа е историска шанса што „не смееме да ја изгубиме.“

Надежите за скоро започнување на контраофанзивата се сериозно подгреани и од топлото време кое подолг период ја зафати Украина по пролетните дождови од кои фронтот беше целосно непрооден.

Подолјак ги коментира и вооружените упади во Русија изведени од руски вооружени групи, кои според него не работат под команда на Киев, но Киев не се труди нешто многу да ги запре бидејќи длабоко сочувствува со сите незадоволни од руската власт.

„Колку повеќе територија ослободува Украина толку повеќе инциденти ќе гледаме на територија на Руската федерација.

Тоа е објективна последица на војна со висок интензитет која ќе покаже дека Русија не може да спроведе воена акција во Украина и да ги заштити своите граници.

Бидејќи Русија веќе ја изгуби својата конвенционална војна, последиците од овој пораз постепено ќе се префрлат на руската територија и федералната влада со тек на време ќе ја изгуби контролата врз својата територија,“ порачал Подолјак.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерство за култура со отворен повик за учество на „Цртај на македонски јазик“ 2023

Следно

Украина: Во руските напади врз Киев уништени се повеќе од 40 цели во воздух

Latest from Blog

Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата. Според неа, сега платите

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор
Go toTop