Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

November 6, 2025
1 min read

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот.

Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите што доведоа до смртта на младата инфлуенсерка, а нејзиниот случај во моментов се третира како сомнителен. Се додава дека во наредните денови се очекува целосен извештај од обдукцијата, кој треба да ја разјасни точната причина за смртта.

Итна помош била повикана во нејзиниот дом во текот на викендот, но и покрај брзата реакција, не можеле да ѝ го спасат животот.

Она што е особено збунувачко е фактот дека пријателката на Барбара Јанкавски била присутна во куќата истиот ден, но заминала пред таа да почине, што дополнително ги разгоре сомнежите и прашањата за последните моменти од нејзиниот живот.

Барбара стекна голема популарност на социјалните мрежи споделувајќи го своето искуство преку бројни козметички и естетски процедури, со кои, како што често велеше, сакала да го постигне изгледот на совршена куклаБарби. Според проценките, потрошила околу 42.000 фунти за разни операции и естетски третмани.

На Инстаграм ја следеле повеќе од 55 илјади луѓе, додека на ТикТок имала импресивни 344 илјади следбеници, каде што била позната под уметничкото име Бонека Десумана (што во превод значи нечовечка Барби).

Покрај нејзините активности на социјалните мрежи, Барбара учествувала во телевизиски емисии и рекламни кампањи во Бразил, што ја направило препознатливо лице во светот на забавата и модата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на сафари: Лав скокна на покрив на џип, полн со туристи (ВИДЕО)

Следно

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Latest from Blog

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека
Go toTop